Ти си мојот грев

Го прашав старецот Гаврил како да постам. Кога тоа го прашав ме погледна, молчеше некое време, а тогаш ме тргна на страна никој да не слуша.

Ми го раскажа цел мој живот, сите мои гревови кои ги имам направено од детство, како да бил покрај мене. Бев многу потресен. Запрепастен. Почнав да плачам. Кога се смирив повторно седнав, старецот ме смируваше.

Тогаш донесе некое послужување и рече: “Ајде земи, послужи се.” Вознемирен реков: “Оче, не можам сега ништо да јадам.” Старецот Гаврил тогаш рече: “Ете дете мое, тоа е пост. Кога ќе ги видиш сите гревови, па од болка не можеш да јадеш.”

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: