Колку еден ден, може да собере убави спомени?

Човек добро треба да внимава кого пушта во својот живот, на луѓето, на кои ќе им дозволи пристап во своите најдлабоки предели. Тие не само што ќе ја одредат неговата иднина, туку и квалитетот на неговата сегашност. Ќе одредат дали ќе живее во мир и среќа, или постојано ќе биде во некоја тивка војна со другите.

Луѓето кои ќе ги пуштите во својот живот, можат вашиот живот да го претворат во рај или пекол. Тие ќе одредат дали наутро ќе се будите со насмевка на лицето или ќе прашате како да се преживее уште еден ден.

Човекот треба да внимава кого пушта во животот. Тие луѓе, ќе одредат колку ќе може да биде свој, а колку во нив ќе има страв од туѓото его, карактерот или наметнување, за да се игра по нивен ритам.

Ќе одреди колку еден ден, може да собере убави спомени или можеби ќе бега од своето минато со кое не може баш и да се гордее.

Тие луѓе ќе одредат од кои емоции повеќе ќе добие, но истовремено и кои ќе ги даде, бидејќи покрај негативна личност не е можно да возвраќаш позитивни чувства.

Човекот треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Колку и да е јак и мисли дека ништо од надвор не може да управува со неговите одлуки, не е можно да не падне под некакво влијание на оние кои ќе му се приближат и неприметно ќе му се пикнат под кожата.

Онолку колку што ќе им дозволат на негативните луѓе да му се приближат, толку еден ден ќе се обидат да побегнат сами од себе, бидејќи со пуштањето на некои луѓе во животот е невозможно тие да не се вовлечат во неговите размислувања и чувства.

Најповеќе од се’ човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Тоа е најважна животна школа и без неа сите други паѓаат во вода.

Добро размислете каде ќе ги поставите границите, внатрешните огради можат да ви го спасат или упропастат животот. Никој не може да каже дека не знаел дека ќе му се случи тоа што ќе му се случи, бидејќи меѓучовечките односи не се ништо друго туку чиста математика.

Ако на влезот од својот живот имате само срце, но не и разум, еднаш ќе се случи да биде прекасно да се исчисти се’ од она што во него сте примиле. Затоа внимавајте!

by Рита

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: