Не знаев да чекам

Не знаев да чекам. Не знаев да бидам трпелива. Кога некоја ситуација беше на точка на вриење, не знаев да се смирам, да земам воздух, да си дадам себе си време да размислам за тоа што се случува.

Зборот секогаш ме ‘носел’. Во налет на емоции, ги прекинував долгогодишните врски. Го чистев телефонскиот именик. Ги блокирав непосакуваните. Ги пакував куферите и брзо заминував, без да се вртам назад. Никогаш не се свртив.

Но, еден ден добив непроценлив совет. Совет кој ми го промени животот.

‘Победува оној кој умее да чека’.

Ми рече еден од најважните луѓе во мојот живот. И почнав да учам да чекам. Со силата на волјата, наместо да ме носат емоциите, се кочев себе си, се терав да почекам.

Што тоа се чека? Ништо. Да се почека да помине еден час. Час во кој можат да бидат изговорени, најзлобни, најразорни зборови. Да се почека, да се угаси пламенот на емоцијата и да може да се разговара, без да се гушите од бес.

Не треба да се оптеретувате во текот на тој час. Да не си ја труете душата, да се растргнувате поради навредата, туку мирно да чекате да помине еден час. Да гледате филм, читате книга, да разговарате по телефон. Само еден час.

Ако тоа се преживее, 99 ситуации од 100 ќе изгледаат многу поинаку. Од таа ситуација, која не изгледа така, треба да се излезе Кралевски. Тоа значи мирно, добронамерно и засекогаш.

Зошто така? Ах, да: во налет на емоции, најчесто создаваме нешто поради кое подоцна ќе жалиме. Ќе им создаваме болка на блиските, а тоа е уште полошо отколку на себе си.

Лена Миро

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: