Училиштето не’ подготвува за живот, но не и како да изградиме односи со луѓето, да сакаме, простуваме, каков однос да имаме кон парите…за тоа не се учи во училиштата.
Ана Бучевиќ е една од најпопуларните мотивациски говорници во овој дел од Европа, која на своите предавања и семинари е посетена од илјадници луѓе, а нејзините видеа имаат милионски прегледи.

-‘Образовниот систем дефинитивно за овие работи не’ не научи и плус ако нашите родителите не ја живеат љубовта, ни од нив тоа не можеме да го научиме- вели Ана Бучевиќ во интервјуто за BGonline и додава дека преку својата работа се обидува да ги освести луѓето и да им го сврти вниманието на тоа дека сепак, треба да научиме многу работи за љубовта, парите, успехот, самодовербата.
-Луѓето секогаш прават најдобро што умеат. Тие не можат да знаат што е љубовта, ако од раѓање немаат околу себе пример за љубов, ако љубовта никогаш не ја живееле нивните родители. За тоа да се промени потребно е да се едуцираат, да читаат книги и да ги пратат оние кои вистински живеат љубов.
Што е љубовта?
Ана Бучевиќ на своите предавања го пренесува своето сознание за љубовта, бидејќи, како вели, таа и самата ја живее, но, додава дека секогаш не било така. Имала и таа свои фази на лутање, недоразбирања во семејството и со другите и ги поминала сите оние проблеми кои денес, со нејзина помош многу луѓе ги решаваат.
– Било да станува збор за партнерска, родителска, пријателска љубов, мораме да освестиме што е љубовта, а што таа не е, бидејќи луѓето со Љубов, нарекуваат и она што не е- вели Ана
– ‘Секој кој е подготвен да се менува, очигледно сфатил дека нешто не работи како што треба. Нашиот живот е показател колку имаме знаење, а резултатите кои ги постигнуваме ни зборуваат за тоа колку нешто знаеме. Секој кој е подготвен да признае дека не знае, тргнува на тоа патување’.

Превземање на одговорност.
На прашањето дали тоа патување е болно, Ана одговара потврдно и вели дека и денес јасно се присетува на тоа чувство, бидејќи по тој пат и самата некогаш чекорела.
-‘Будењето е навистина болно бидејќи доаѓа до превземање одговорност за сопствениот живот, но и одговорноста за контрола на сопственото его. И тоа е најдобрата вест која можеме да ја осознаеме и она што можеме да научиме!’
-Луѓето кои доаѓаат на моите предавања и оние кои ме пратат се многу отворени. На се’ им укажувам со многу љубов и топлина, а мојата порака за нив е: ‘Можете да научите!’ И мене некогаш ми рекоа дека не знам и не е срамота да не знаеш, се’ може да се научи во што лично се уверив.
Пари или љубов?
Дали на луѓето на прво место им е љубовта или парите, прашање е на кое Ана Бучевиќ има одговор и големо искуство, со оглед на тоа што секојдневно е во контакт со голем број на луѓе.
– Ако оваа тема ја набљудуваме низ гледаноста на мојот You Tube канал, дискусијата околу парите се најгледани, како и медитација, но не треба да се генетализира. На оној кој ги има сите пари на светот, ако нема љубов, таа ќе му биди најпотребна. Оној кој има љубов, а нема пари, станува свесен дека парите влегуваат пополека, но сигурно, во сферата на љубовта, браковите пукаат поради недостаток од пари, партнерите се расправаат поради грижата за пари. Мојата порака до нив е да научат, како да ги засакаат парите и да ги имаат. Грижата околу парите влегува во сите пори на животот. Ако немате пари, значи вие не ги сакате воопшто, бидејќи љубовта привлекува.
Луѓето не се свесни за тоа дека не ги сакаат парите. Имаат длабоко всадени програми дека парите се нешто лошо. Од мали ни зборуваат дека парите се валкани, да не ги допираме. Од мали слушаме и дека парите ги имаат лоши луѓе, прашувајќи се- ‘како тој ги заработил, мора со некоја измама’. Поради тоа што ги немаат, луѓето имаат отпор кон парите и велат дека е нужно зло. Навистина треба да се засакаат парите.

Љубов се дела
Законот за привлекување во љубовта е непогрешив, а Ана Бучевиќ зборуваше за тоа како можеме да препознаеме и да знаеме дека некој навистина не’ сака.
-‘Првиот показател е дали на некој му давате слобода да биде она што навистина е и таков каков што е го сакате или поради она што сте вие, кога сте со него. Дали сакате да го менувате, дали неговата среќа е и ваша среќа и дали таа личност ја сакате само кога се однесува онака како што вие сакате’.
-‘Љубовта се дела и оние кои вистински сакаат, знаат какво е чувството, и колку е поубаво да сакаш, отколку да бидеш сакан. Има луѓе кои сакаат да бидат предмет на нечие обожавање и тоа е затоа што уште не знаат да сакаат. Луѓето посакуваат да бидат сакани, бидејќи имаат желба да ја чувствуваат љубовта.
Кога вистински сакате, зарем не сте веќе љубов, зарем веќе не примате љубов? Не можете да дадете она што немате во себе. Кога вистински му давате на некој слобода да биде она што е, го прифаќате онаков каков што е. Пријатели сте пред се и можете да разговарате за се’.

Игри во љубовта
-‘Емоциите покажувајте ги затоа што сакате а не затоа што така треба’- вели Ана Бучевиќ и додава дека само оној кој сака и на другиот му го разубавува животот, може да биде сакан.
-‘Кога вистински сакаш свесен си за секој момент од сопственото постоење, но и својата смртност. Знаеш дека уште утре можеш да останеш без својот партнер и не сакаш да дозволиш денот да ти помине а да не му кажеш колку го сакаш. Многу луѓе се блокирани во давањето на љубов.’
-‘Се’ зависи кој каков пат поминал. Ако некој бил повреден и го влече минатото со себе, тогаш нема да се ослободи да дава од страв дека ќе биде повреден. Луѓето играат игри во љубовта, а тоа не е љубов. Кога сте подготвени да пуштате и вистински да давате, ќе видите веднаш дали наспроти вас е вистинската личност.
Ако се давате, а личноста си игра, тогаш тоа не е за вас и тоа е така едноставно. Ништо не сте изгубиле. Треба да се сфатите дека всушност вие се согласувате да бидете со оној кој не ве сака, што значи не е до другите, туку до вас.
Превземено интервју од BGоnline
Leave a Reply