Ако сте среќни и се сакате себе си, можете да сакате и некој друг

Не’ убедија да веруваме дека љубовта се случува само еднаш. И генерално пред 30- тата година. Не ни рекоа дека љубовта не е условена и дека не доаѓа во одредено време.

Не’ натераа да веруваме дека секој од нас е совршена половина од јаболкото, дека животот има смисла само ако ја пронајдеме таа друга половина. Не’ ни рекоа дека сме родени како целина, дека никој во нашиот живот не заслужува да ја носи на својот грб одговорноста да пополни она што недостасува: Ние растеме сами.

Ако сме во добро друштво, едноставно е по пријатно.

Не’ убедија во формулата под име- ‘две во едно’: двајца да мислат на исти начин, да делуваат на ист начин и дека само тоа може да функционира.

Не ни рекоа дека ова има име: анулирајте се себе си. Дека само како поединци со сопствена личност можеме да оствариме здрава врска.

Не’ убедија да веруваме дека бракот е нужен и дека другите желби мораат да бидат потиснати.

Не’ натераа да веруваме, ако бидеме убави и слаби ќе бидеме сакани. Тие не’ убедија дека постои само една формула за среќа, иста за сите, а оние кои сакаат поинаков живот се осудени на маргинализација.

Не ни кажаа дека овие формули не функционираат, ги фрустрираат луѓето, ги отуѓуваат и дека постојат други алтернативи.

Ах, не рекоа и дека ова никогаш на никој нема да му биде кажано. Секој сам го открива за себе. Ако сте среќни и се сакате себе си, можете да сакате и некој друг.

Живееме во свет во кој се криеме за да водиме љубов, додека насилството и омразата се шират во светот.

Џон Ленон

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: