Како и во се’, се работи за мерка. Гордоста е спрега на здравото чувство на вредност и цврстото сознание кој сум Јас. Кога можеме реално да се процениме себе си и својата вредност, чувствуваме тивко задоволство, поради потпората на сопствената внатрешна сила.
Не ни е потребно, другите да ни се воодушевуваат, не бараме пофалба за своите достигнувања, не ја нагласуваме својата посебност, туку смирено се’ покажуваме со своите дела.
Гордоста не’ зацврстува и ни помага низ животот да поминуваме без неодлучност и сомнеж, со храброст да се соочиме со секој предизвик. Сами од себе, бараме правилно однесување и задоволни сме кога се воздржуваме од било какво искушение.
Вистинската гордост мотивира и ги потикнува другите, бидејќи ги дели своите успеси и се весели на напредокот на другите. Но, ако чувството на сопствената вредност е разнишана, а со однесувањето управуваат стравови, гордоста станува штит, со која се брани ранливото битие.
Кога имаме привид за внатрешната сила, квалитетот и добрината се преувеличуваат, а површните вредности, слабо го прикриваат внатрешниот страв и незадоволство. Пред другите ќе заиграме паунов танц, но, зависни сме од одобрувањето, кое доаѓа однадвор.
Но, со тоа нема да постигнеме многу. Привидната гордост не’ одвојува од другите, бидејќи не можеме да побараме помош, не можеме да признаеме дека згрешивме и не можеме, да побараме да ни се прости.
Во најлош случај, таа привидна гордост, се храни така што, ги смалува другите, ги присвојува нивните успеси, ги оцрнува и критизира, бидејќи само кога сите околу неа се малечки, тогаш таа може да биде голема.
Тоа е опасен отров кој го труе срцето. А најдобриот лек за несреќно срце, е љубов- а најмногу љубов и сочувство кон себе. Од таа цврста точка на потпора, можеме да развиеме вистинска внатрешна сила и вистинска гордост!
Извор: Sensa.hr
Leave a Reply