Јас својот пат, вака компликуван, сама го избрав

Се’ изгледа кај мене однопаку. Стојам цврсто на земјата а мислите ми се во облаци.

Вешто играм со зборови а не верувам во нив. Брблива сум а најмногу ги сакам моментите кога ќе останам без збор.

За сите сум потпорен ѕид а мене всушност најмногу ми треба потпора. Се смеам кога очите ми се тажни. Одам понатаму. И кога мислам дека немам сила за тоа.

Го следам својот пат иако ми велат дека патот е тежок. Ако…полесниот пат им го оставам на ‘слабите’ луѓе.

Јас својот пат, вака компликуван, сама го избрав.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: