Кој би можел подобро да ме знае, освен јас самата себе!?

Еве тешко прашање! Или можеби мислите дека не е вредно како тема за цел текст? Кој би можел подобро да ме знае, освен јас самата себе!?- се прашувате сега, веројатно со иронична насмевка.

Знаете ли што често сакам да ги прашам луѓето наспроти мене? Кој си ти? За што всушност се работи? Факт е дека поголемиот број од нас не знае да одговори на ова прашање или одговорот е невистина.

Зошто? Затоа што или не се познаваме себе си или ќе се обидеме со одговор да прекриеме се’ она, што ни смета и да го истакнеме она, за што мислиме дека е вредно.

Има луѓе кои сакаат да зборуваат за себе. За своите успеси, желби, доблести, бла, бла, бла…Дали се навистина такви? Има и срамежливи кои ќе молчат за себе, несигурни, дали со својата приказна се вклопуваат во околината, па оние кои точно ќе знаат што, на кој начин и во кој момент, треба да кажат за да остават добар впечаток.

Се’ ова многу личи на разговор за работа, која ви е многу важна. Трема, што да се каже, што да се премолчи, со што да се пофалите. А каде сте вие во таа приказна? Знаете воопшто кои сте?

За да дојдете до вистинскиот одговор на ова големо прашање потребно е само да бидете искрени. Искрени кон себе, за да можете најдобро да се запознаете себе си. Тоа сознание е моќна работа. Кога еднаш ќе се запознаете себе си, ќе запознаете еден потполно нов свет со кој ќе владеете. Ќе се засакате себе си со своите мани, за кои сте свесни и волни да ги исправите. Нема да ја глумите улогата и воопшто вас нема, да ве интересира дали и колку другите ве сакаат.

Кој си ти? Имаш мани? Кои се твои навики? Кафе или чај? Што би сменале? Сакате ли зачинета храна? Плачете ли додека гледате романтични комедии? Знаете ли да кажете НЕ или силно да вриснете од среќа? Дали сте љубител на животни? Снег или сонце, скијање или сунчање? Што ќе облечете утре? Поради што го читате овој текст?

Ова не се тест прашања на која треба да одговорите со ДА или НЕ и да освоите што повеќе бодови. Ова сте вие!

Јас сум Елена. Денот го започнувам со кафе и планирање на обврските, а најповеќе ме лути, кога ги немам. Правосмукалката ми е омилена справа за ублажување на стресот и ослободување од негативната енергија. Мојот мачор токму од таа справа има најголем стрес.

Понекогаш многу сакам да се осамам и да плачам со Дизниевите цртани филмови, Пепелашка и Убавицата и ѕверот. Ќе ми се случи да вриснам од болка. Понеделник го игнорирам, а неделата не ја сакам бидејќи ми е тажна. Затоа во недела со другарките, ги пијам оние долгометражни кафиња, кои обично завршуваат со чаша вино.

Мило ми е што се запознавме!

Елена Т.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: