Човекот кој не те гледа со очи, туку со душа

Луѓето кои ве сакаат, ретко ќе ги сретнете. Порзлични се од другите, бидејќи не ве гледаат со очи, туку со душа.

Тие нема да ви купуваат ‘марки’, туку ќе ве воодушевуваат со ситници. Тие нема да забораваат што ве прави среќни и што ви е најважно. Ќе ги препознаете по насмевката, не по солзите.

Ќе ги препознаете по нивното раме кога ќе биде ‘густо’. По нивното присуство кога сите други ќе си одат. По нивниот шепот кога никој нема да ве слушне. По нивната тишина која ќе биде погласна од галамата на другите луѓе.

Луѓето кои ве сакаат. Ќе ги наброите на прсти од една рака. Тие се се’, само не број. Тие се се’ што ќе имате во животот. Тие се се’ што ви останува и се’ што е доволно. На крајот од денот, нема да ги броите успесите, куќите и автомобилите, ќе ги броите нив.

Ќе бидат важни тие. Ќе заспиете мирни со сознанието дека се тука, дека ги чувате и ќе бидете благодарни што не сте сами. Ќе бидете среќни и благодарни што ги пронајдовте, бидејќи и тие ве пронашле вас.

Луѓето кои ве сакаат. Ќе ве сакаат од глава до пети. Ќе ве сакаат со дела. Ќе ве читаат со затворени очи и ќе ве слушаат со отчукувањата на сопственото срце. Нивниот поглед ќе биде искрен. Ќе бидат први во театарските редови на вашата животна премиера да ви аплаудираат кога ќе успеете и да ве подигнат кога ќе паднете.

Нема да ги бројат вашите мани, туку ќе ги сакаат вашите доблести. Нема да ги бројат вашите порази, ќе ги чуваат вашите победи. Со насмевка ќе ве бодрат и со солзи ќе ве тешат. Ќе ве направат подносливи и тогаш кога самите на себе ќе бидете претешки.

Ќе го поднесат и она што понекогаш ќе заболи и пече. Ќе ви даваат сила и тогаш кога и самите нема да ја имате.

Луѓето кои ве сакаат. Тие се оние кои на крајот од денот ќе помислат на вас. На кои ќе им раскажете како ви поминал тој истиот ден. Оние, кои ќе ги гушнете на крајот од денот и по кој знае кој пат во мислите ќе ги засакате, било да се тие близу или далеку. Не е важно, бидејќи луѓето кои ве сакаат секогаш се покрај вас.

Не бегаат кога ќе загусти. Не оставаат кога ќе се заредат лоши денови. Не носат маски на пријателство и не нудат љубов со фалинка. Не оставаат недовршени приказни и не лажираат happy end. Нема да ве продадат за туѓи ласкања или да ве менуваат за сјај и магија на вештачкиот свет. Нема да ја разубавуваат вистината и нема да бегаат од критика.

Луѓето кои ве сакаат. Ќе бројат звезди со вас на плафонот на трошниот стан од 35 квадрати. Ќе разговараат со вас во 2 наутро за смислата и причината за живот. Ќе седнат со вас на дното, а ќе замислуваат дека се на врвот на најголемата планина.

Ќе го извлечат од вас она најдоброто и ќе бидат глас кој ве тера да одите напред, кој зборува дека можете и сакате. Ќе ве пронајдат меѓу милиони други изгубени луѓе и ќе ви го покажат вистинскиот пат.

Ќе ве чуваат од вас самите и ќе ве бранат од неволите на светот. Ќе ги стигнат вашите сонови и ќе ги претворат во стварност. Ќе ве сакаат и тогаш кога самите себе нема да се сакате. Бидејќи тоа се оние луѓе кои ве сакаат.

Магдалена Меги

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: