Гушкајте ги луѓето кои ги сакате

Пред својата смрт американскиот писател James K. Flangan на своите внуци му напишал преубаво писмо, за најгoлемите животни вредности. Flangan умрел минатата година, а јавноста од неодамна може јавно да го прочита, благодарение на неговата ќерка Rachel.

Драги мои внуци,

Мојата драга и мудра ќерка побара од мене да напишам некои совети за вас, оние кои ги научив јас во животот. Секој од нас е најубав дар од Бог, на вашето семејство и на целиот свет. Сетете се на тоа секогаш, посебно кога се сомневате во себе и кога сте обесхрабрени. Не се плашете од никој и ништо и живејте со полни гради. Следете ги своите желби и надежи без оглед на тоа колку се тешки и колку се разликуваат од туѓите.

Луѓето често не работат она што сакаат или што би требало бидејќи константно размислуваат што другите ќе речат или мислат. И запомнете уште една важна работа- луѓето кои нема да ви донесат супа кога сте болни или ако не се покрај вас кога сте во неволја, не се битни!

Сите ние сме обични луѓе. Некои носат прескапа облека или имаат големи титули или моќ и мислат дека се над сите други, но не е така. Тие имаат исти сомнежи, стравови и надеж, јадат, пијат, спијат и прдат, како и сиот нормален свет.

Кога ќе пораснете и ќе имате свои деца, секогаш имајте ја на ум старата ирска поговорка: ‘Фалете ги децата и тие ќе цветаат’. Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето- посебно на послабите, на оние кои се уплашени и на децата. Сите тие носат своја тага и потребно им е вашето сочувство.

Не одете во војска или било која друга организација која ве тренира да убивате. Војната е зло. Сите војни ги започнале стари луѓе кои ги излажале младите мажи да се мразат и убиваат едни со други. Старците ќе преживеат и како што започнале војна со молив и хартија, ја завршуваат на ист начин.

Читајте книги колку што можете повеќе. Тие се многу убав извор за уживање, мудрост и инспирација. Секогаш бидете искрени. Патувајте кога можете, посебно додека сте млади. Не чекајте да имате доволно пари или сите коцки да се наместат. Тоа никогаш, ама никогаш не се случува. Изберете работа или професија која ќе ја сакате. Секако, ќе има и тешки моменти, но работата мора да ви биде уживање.

Не викајте! Тоа никогаш не успева, а ве повредува и вас и другите. Секој пат кога викав, доживеав неуспех.

Секогаш исполнувајте го ветувањето кое сте му го дале на детето. Не зборувајте ‘ќе видиме’, ако знаете дека одговорот е ‘не’. Децата очекуваат вистина, дајте им ја со љубов и добрина. Никогаш не му кажувајте на некој дека го сакате ако не е така. Живејте во хармонија со природата: излезете надвор, одете во шума, планина, море, пустина.Тоа е многу важно за душата.

Гушкајте ги луѓето кои ги сакате. Кажете им сега колку ви значат, не чекајте да биде прекасно.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: