Сакај како никогаш, никој да не те разочарал и простувај, бидејќи само Големите простуваат

Луѓето на различни начини се носат со чувствата и различно ги изразуваат. Со плачење во главно се поврзува длабоко чувство на тага, но, секогаш и не е баш така.

Според психолозите плачењето е добро и здраво, а луѓето кои многу плачат се посебни. Следниот пат кога ќе бидете на работ на солзи, сетете се на неколку работи.

Плачењето го намалува стресот- ако сте личност која лесно пушта емоции надвор, тогаш полесно ќе се носите со тешките животни ситуации. Откога ќе го ‘отплачете своето’, ќе почувствувате олеснување и ќе бидете во состојба појасно да ја согледате ситуацијата која ви предизвикува солзи во очите. Покажувате дека не се плашите од сопствените чувства-

Плачењето е исто така знак да не се плашите од она што го чувствувате. Плачењето значи дека ја прифаќате својата ранливост и чувствителност. Тоа е знак дека сте силна личност и дека на работите им го давате вистинското име.

Плачењето исто така е знак на здраво срце и мозок. Покажувате колку сте храбри – луѓето кои ги покажуваат своите емоции се храбри и автентични. Поважно им е да ја живеат својата вистина, отколку да се грижат што другите ќе зборуваат за нив. Освен тоа знаат дека другите би ги покажале своите вистински чувства ( макар и низ солзи) но не се осмелуваат бидејќи мораат да ја одржат сликата за себе која ја создале.

Плачењето помага за да се воспостави рамнотежа. Кога ќе ги прифатите своите чувства, а плачењето е дел од процесот на прифаќање, полесно ќе ги отпуштите чувствата кои ве мачат.

Извор: aura

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: