Прошката лежи во покајанието

Покај се!

Прошката лежи во покајанието. Поканието има смисла во борбата да не го повториме истиот грев. И затоа Прости! За да ја видиш убавината од леснотија на душата.

Прости! И не вели не можам да простам. Не дека не можеш туку не сакаш. Не дека не можеш туку не го љубиш ближниот.

Прости! И не вели ќе простам, но не заборавам. Ако не заборавиш не си простил, а душата уште во јад и злоба ќе ти се труе.

Прости! Или не застанувај пред Бога да ја изговориш Оче наш, оти низ неа од Бога бараш прошка и потврдуваш дека и ти проштеваш.

Прости! Така ќе те познаат дека си Негов ученик и дека со право се нарекуваш Христијанин.

Прости! И помоли се за оној кому си му простил за да прости и Господ Бог. Прости! И помоли се за оној кому си му згрешил. Прости!

Отец Пимен

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: