Љуби ме и главата горе

Еден од чекорите кон промена, просветлување, воздигнување на свеста…наречи го тоа како сакаш- е комплетна и искрена љубов кон себе.

Онаа љубов која нема сомнеж во тоа дека си убава, дека си прекрасна токму таква каква што си. Онаква љубов, која не осудува и обвинува дека нешто погрешно направи, дека направи погрешен избор во било која животна ситуација.

Љубов која нема прашања дали е заслужена, љубов која е тука само за да биде она што е во својата најчиста форма, која подразбира прифаќање себе си во потполност.

Искрената љубов кон себе, претставува чувство кое те ослободува од сите гласови кои ги имаш во главата, кога ќе застанеш пред огледало и гледаш во сопствениот лик и тело. Кога без никакви мисли стоиш и се набљудуваш во огледало, гледајќи љубов, бидејќи ти тоа си, без влијание на мислите, кои тоа го негираат.

Тогаш, тој момент, ќе сфатиш дека тоа не се ни мисли, ни она што ти рекла пријателката, ни она што ти зборуваа родителите, ни она што научи на училиште, ни она што слушна на улица…туку само она што ќе видиш во огледало.

Убавината на љубовта. Најбитно е како се гледаш себе си. Начинот на кој посакуваш да се видиш. Не постојат стандарди, не постојат идеални мерки, не постои совршена линија, најубава боја на косата, очите и кожата, не постои дебело, грдо, со крив нос, тенки усни, клемпави уши- не постои.

Постоиш само ти. Таква каква што си, комплетно совршена. Љубовта кон себе, е почеток на вистинската љубов кон другите, бидејќи само ако умееме искрено и вистински да се сакаме себе си, тогаш знаеме да ги сакаме и другите. Ако некој не се сака себе си, а вели дека сака некој друг, тогаш тоа не е вистинска љубов.

И многу ќе речат- Како? Но, јас го сакам него, неа, нив, знам дека ги сакам! Но, таа љубов, за која пишувам не е во знаење, не е тука за да се констатира дека постои, не е таа љубов која се дава на некој во надеж дека тоа е единствен начин правилно да ја користиме.

Љубовта акумулира, прави вртлози по телото и се чувствува секаде, во секој физички и духовен дел од нас. Таа ја составува материјата и енергијата во едно, љубов, која преку нашиот лик во огледалото е комплетна.

Љубовта ослободува, лековита е и смирувачка. Се сакам затоа што тоа е единсвена вистина која ја имам. Засакајте се себе си! Ако не знаете како, почнете да се истражувате себе си, поставувајте прашања, трагајте по одговори. Кога ќе дојде моментот на сфаќање, дека сами сте го креирале своето тело, своето семејство, својот живот, дека сами сте создале и сте се креирале себе си, ќе сфатите колку всушност сте прекрасни и полни со љубов за сите.

Колку од нас може искрено да каже- те сакам? Не е фраза, не е клише, не е невозможно да се почувствува таква љубов. Сите потекнуваме од едно…од безусловна љубов. Ако од неа сме создадени- тогаш сме љубов. Ако сме љубов тогаш е нормално да се сакаш себе си.

Ако се сакаме себе си, сакаме и се’ околу себе. Чекор по чекор, до крајот на кругот…Всушност, до онаа точка од која сме тргнале, но со друга перпектива.

Лела

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: