Кога човекот има љубов, нема страв

Кога и’ верувате на мислата дека некој треба да ве сака, знајте дека во тој момент почнува болката. Јас често велам: ‘Кога треба да се молам, тоа би изгледало вака: ‘Боже, сочувај ме од желбата за љубов, разбирање и почитување. Амин.

Љубов е она што веќе е. Љубовта ништо не бара. Таа е веќе потполна. Таа не сака, не бара. Таа има се’ што посакува, таа е се’ што посакува, токму онака како тоа го посакува. И затоа, кога ќе ги слушам луѓето како зборуваат дека сакаат некој и дека посакуваат да бидат сакани за возврат, јас знам дека тие не зборуваат за љубовта.

Да се бара љубов е начин да изгубите свест за љубовта. Но, можете да изгубите само свест за неа, но не и таа состојба. Таа можност не постои, бидејќи љубовта е она што сите сме.

Љубовта сите ги спојува, без услови. Таа не избегнува ни кошмар; со раширени раце го прифаќа и потоа истражува. Љубовта не ја оспорува ни една воздишка. Ни зрно песок, ни честичка прашина.

Таа е потполно во љубов со себе и ужива да се потврдува со своето присуство, на секој начин, без ограничувања. Таа се’ уклучува и сите ги гушка, од убици, силувачи, свештеници, маче и куче.

Љубовта сама по себе е огромна и силна што може да ве изгори. Толкава е што со неа не можете да направите ништо. Се’ што можете е да бидете таа љубов

Бајрон Кети: ‘Дали ми е потребна твојата љубов’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading