Да бегаш можеш, но да побегнеш никогаш

Да, тоа сум јас.

Не бегам од гревот, бидејќи не можеш од ништо да побегнеш, што е дел од тебе. Да бегаш можеш, но да побегнеш никогаш.

А зошто токму грев- па затоа што ние така сакаме да ги нарекуваме некои работи. За мене победа е кога прво себе си, па потоа и на другите на глас ќе им признаеш дека во нешто си се поразил самиот себе.

Имав булимија. Не ја наследив ниту пак ја стекнав, затоа не можам некој друг да обвинам. Самата себе си ја сервирав и живеев со неа со години. Булимијата е, тежок збор од осум букви и во некои моменти, додека се боревме меѓусебно, бев убедена дека ќе ме победи. Дека ќе ми ги уништи сите заби, ќе ми го растрга желудецот, грлото.

Но, ете ја победив. Бидејќи јас одлучив така да биде. Доста ми беше нејзина диктатура, навики, време и најважно, да престанам да се правдам дека тоа е само уште една епизода на нешто на што јас можам да имам контрола. Дури кога сфатив дека таа иста контрола во потполност ја изгубив, знаев дека морам да ја вратам. И така беше.

Се разведов и тоа не е, ни најмалку, она што го замислував да се случи во мојот живот, да биде дел од мојот лајфстајл. Не планирав ниту посакував, моето дете да биде дете на разведени родители.

Ни јас не сум тоа и не го сакав за моето дете. И што? Се случи токму тоа. Се случи, со неполни три години, детето да биде со разведени родители. Не е ни убаво, ни пријатно, ни интересно. И тоа што детето има само три години и ништо не знае, не е баш така. Децата знаат и ја препознаваат топлината, ушушканоста, препознаваат кога нешто недостасува, чувствуваат, го гледаат светот со свој поглед, истовремено безгрижен и така длабок.

И што се случи? Требаше да научам да живеам и на тој начин. И жестоко се судрив со безброј осуди во меѓувреме. И безброј начини на кои луѓето ми покажаа колку тоа не го разбираат. На повеќе нивоа. Од тоа дека кога сте двајца е сепак полесно, до прашањето што ми се случило па станав по мека, самокритична, онаа која лесно се повлекува, која премолчува, онаа на која нешто и не и’ се прави.

Се случи и да поминам, низ не знам ни самата какви депресии. Од оние во текот на бременоста до оние по породувањето, И тоа, како некои луѓе кои требаа да ми бидат подршка и денес наоѓаат начин да ме деградираат, прикажувајќи ме како некој авет, кој им ја пие животна енергија.

Би сакала да разберат, еден ден, кога и да биде тоа, дека се’ што ми се случило мене, а и на било кој друг (сигурно не сум единствена) вакви ‘лоши’ состојби, не е работа на волја, желба, инает и со новното однсување кон мене, какво што е, тие не прават ништо добро.

Добро е кога на луѓето кои ги сакаш им е добро, кога сакаш да ги разбереш и сакаш да им помогнеш. Можеби секогаш нема да ти успее, но не престануваш, поради тоа да ги сакаш.

Понекогаш застанувам пред огледало и долго гледам во него. Ја гледам онаа девојка од некогаш и жената каква сум денес. И слушам многу прашања кои си ги поставувам себе си- дали нешто требаше поинаку, зошто многу работи не направив, вреди ли да се лепат некои делови од себе?

Тогаш сфаќам дека вреди, бидејќи на крајот, се имаш само себе си. И со булимија и со детето на разведени родители и анксиозноста. Можеби некогаш и мораш да се уништиш себе си, за да останеш јака и подобра. За да бидеш доволно своја тоа да го кажеш и на другите, а не со својата темнина да живееш сама, длабоко во себе.

Од моите гревови можеби не се умира. Не се ни некои неизлечиви болести. Можеш, всушност, засекогаш со нив да одиш рака под рака, тие се секако најголем терет само за тебе. Од нив не се умира, за светот и туѓите очи, но можеш да умреш за себе, некаде во себе.

А тоа не ти треба!

Лола

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: