И најсилниот маж е слаб пред вистинската жена

Постојат жени полни со сила, кои даваат добрина на оние
околу нив, кои гледаат на животот со мирни очи, кои се чувствуваат добро со самите себе, кои се грижат за се’ со едноставни гушкања.
Жената која лекува, е онаа која шири енергија, пренесува наклоност, прифаќа љубов и ја продлабочува, таа која е великодушна, која знае да простува, живее во милост и која учи за да знае.
Жената која лекува е човечна, сочувствителна, свесна за својата моќ, инспирација, истрајност, има и свој хаос, ред, грижа за животот, свои потреби и соништа.
Жена која лекува е онаа што останува. Таа е онаа која секогаш го отвора своето срце, која е свесна за она што се случува околу неа.
Таа не знае за совршеност ниту несовршеност: едноставно, таа е она што е.

И со својата енергија, им помага на другите да бидат она што се. Таа е подготвена за борба против предрасудите и решавање на конфликтите со околината.
Поради тоа што не е лесно да се биде жена која лекува, треба да и се приклучиме во нејзината борба. Против сите препреки кои не спречуваат да живееме и уживаме во секој момент, на оние кои се обидуваат да ги прикриваат нашите права, кои сакаат да ги подредиме нашите соништа, кои ги презираат нашите потреби.
Да се биде жена исто така значи да се знае како да се каже доволно и да не се дозволи потчинување. Тоа значи да се биде своја, да се нема потреба за некој, туку само потреба за љубов на безброј начини и над сите можности.
Не постои ништо посилно од љубовта на жената која се труди за своето добро, која ја прифаќа и ја разбира својата сегашност и свесна е за своето минато.
Низ нејзините искуства и нејзиното знаење, жената која лекува ја разбира длабочината на времето, желбите и важноста на соништата.
Секоја жена носи во својата душа борбеност, давајќи и’ светло, надеж, сила и оружје за борбата.

Токму тој внатрешен борец се грижи за нејзините рани и ја теши после предавствата, неверствата и отфрлањата. Таа светлина и’ дозволува да созрее, да биде сензуална, да ја експлатира својата инелигенција, да знае како со неа се управува, како да ја урамнотежи интуицијата и разумот.
Женското срце се состои од добрина, почитување, сигурност, сила, интелигенција и наклоност. Тоа се принципи кои ги поседува жената која лекува, таа, која великудушно го набљудува својот живот.
Жената која лекува е свесна за она што била и по што е способна.
Жената која лекува е облечена со сила и достоинство, клучеви кои отвораат врати, обоени со светли тонови и мотиви.
Најдобриот лек за душата е добрината на другиот човек, љубезноста и чувствителноста на оние кои не’ слушаат, кои кон нас се однесуваат со почитување и исто така ги почитуваат другите како да се благо.

Тоа се особините кои ја дефинираат жената- љубов, жената- лек.


Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/la-donna-medicina-colei-vede-la-vita-amore-bonta

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: