Насмевни се..разубави ми го денот

Насмевката ништо не чини, а делува чудесно!

Го оплеменува оној на кој е наменета, а не го осиромашува оној кој ја поклонува. Блеснува како молња, но сеќавањето може да трае засекогаш.

Никој не е толку богат, ниту толку сиромашен, за да може себе да си ја ускрати. Со неа секој добива.

Насмевката носи среќа во куќата, поздрав на пријателите. Таа е одмор за уморниот, патоказ за изгубениот, сончева светлина на жалниот и најдобар природен лек против лутина.

Но, не може да се купи, намоли, позајми или украде, бидејќи вреди само единствено кога се подарува.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: