Ќe гo поздравам овој ден со љубов во срцето

‘Ќe гo поздравам овој ден со љубов во срцето’.

А како ке го направам тоа? Отсега па натаму ќе гледам со љубов на сите нешта и повторно ке се родам. Ќе го сакам сонцето зошто ги грее моите коски, сепак ќе го сакам и дождот зошто ми ја прочистува душата.

Ќе ја сакам светлината зошто таа ни го покажува патот, но сепак ќе ја сакам и ноќта, затоа што таа ми ги покажува ѕвездите. Ќе и посакам добре дојде на среќата затоа што таа ми ја проширува душата, но сепак ќе ја сакам тагата зошто ми ја отвара душата.

Ќе ги прифатам наградите зошто сум ги заслужил, сепак ќе ги пречекам со добредојде пречките зошто тие се мојот предизвик. Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето.

А како ќе зборувам? Ќе ги фалам моите непријатели така што тие ќе станат мои пријатели, ќе ги охрабрувам своите пријатели и тие ќе ми станат браќa. Секогаш ќе барам причина за да се фалам, никогаш нема да барам изговори за да озборувам. Кога ќе дојдам во искушение да критикувам , ќе си го поткаснам јазикот, кога ќе бидам поттикнат да фалам ќе викам од покривот …”

Оg Mandino

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: