Среќата е ментална навика

Слично велиме: “Кога би бил успешен и здрав, би бил среќен”. Поблиску до вистината би биле ако кажеме:” Биди среќен и ќе бидеш поуспешен, поздрав и ќе се чувствуваш многу подобро во односот со другите луѓе”.

Една од најчестите причини за недостиг на среќата е тој што луѓето го живеат својот живот по системот на “одложено плаќање”. Луѓето не живеат и не уживаат сега во животот, туку постојано чекаат некоја идна случка или појава.

Ќе бидат среќни кога ќе се одмараат, кога ќе најдат подобра работа, кога ќе ги отплатат кредитите за стан, кога децата ќе завршат факултет… Разочарувањето е неизбежно.

Среќата е ментална навика, ментален став и во колку не се учи и практикува во сегашноста, никогаш не се ни доживува. Среќата неможе да се врзе за решавање на некој проблем од нашата околина. Зошто кога ќе се реши еден, се појавува друг. Така животот е само серија од проблеми.

Доколку воопшто сакате да бидете среќни, морате едноставно да бидете среќен и точка! Не можете да бидете среќен “поради, заради…” Дури и во несреќни услови и прилики, во кои не можеме да бидеме потполно среќни, можеме да бидеме барем среќни. Еден деловен човек прашал:” Како воопшто можам да бидам среќен, кога само што изгубив 200.000 долари на берзата. Потполно сум уништен и пропаднат.“

Можете да бидете среќен во колку на фактите не им го придодавате своето мислење. Факт е дека сте изгубиле 200.000 долари. Ваше е мислењето дали сте уништени и пропаднати. Среќата не е нешто што просто се случува. Среќата е нешто што вие самите ја создавате и на што самите се одлучувате!

Максвел Малтц – ” Моја психологија”

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: