Сродната душа секогаш ќе дојде, кога за неа сме подготвени

Кога ќе ја запознам својата сродна душа? – прашање кое најчесто се поставува.

Сите имаме повеќе сродни души во животот и нивната улогата е иста. Нивната цел е да ја размрдаат и разбудат нашата душа и да го кренат нивото на свеста. Сродната душа секогаш ќе стигне кога сме подготвени за неа, ни минута порано. Доаѓа кога треба да ја научиме лекцијата за која сме предодредени да ја осознаеме.

Односите со сродната душа не се секогаш долготрајни. До раскинување доаѓа бидејќи односот бил интензивен, а неговата улога е исполнета, потребните лекции се научени. Сродните души исто така можат да бидат пријатели и роднини. Не мора да бидат љубовни, романтични партнери. Без оглед на тоа, вие секогаш ќе чувствувате силна и енергична поврзаност.

Многу од нас, поминуваат години во панична потрага по сродна душа, така да и не приметуваат она што всушност им треба. Кога бараме сродна душа, ние всушност трагаме за раст и развивање на свеста, а постојаниот фокус на потрагата, може да ја блокира енергијата и да го отежне патот, таа вас да ве стигне.

Ако навистина сакате да се поврзете со сродната душа, прво треба да ја ускладите сопствената душа. Потребно е да откриете кои сте вие, да се почитувате себе си и да го следите своето срце. Кога тоа ќе го исполните, вашите вибрации ќе го привлечат она за што трагате.

Животниот партнер е пријател со кој чувствувате силна поврзаност. Тоа не може да биде длабока врска како со сродната душа, но постои взаемно чувство на доверба, разбирање и почитување. Животниот партнер е некој кој е доверлив и ги разбира вашите потреби и желби.

Секако, животниот партнер е некој кој ве привлекува, кој го сакате и кој ви е важен.

Можно е вашиот животен партнер да биде и ваша сродна душа. Партнерскиот однос може да се надогради и унапреди, се’ зависи од правецот по кој одлучивте да се движите.

Како вие се менувате во текот на животот, така се менуваат и вашите потреби и вашите гледишта за она што сакате. Затоа од круцијална важност е да се слушате себе си и својата душа, бидејќи само така ќе можете да најдете животен партнер и да ја привлечете својата сродна душа.

извор:dobrarec.rs

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: