Ако се споредуваш себе си со другите…

Оди смирено низ бука и брзање и сети се на мирот кој се наоѓа во тишината. Колку си во можност, биди во добри односи со своите луѓе.

Кажувај ја својата вистина смирено и јасно и слушај ги другите, дури и глупите и неуки; имаат и тие свои приказни. Избегнувај ги бучните и насилни луѓе- тие се терет на духот.

Ако се споредуваш себе си со другите, можеш да станеш огорчен или горд; бидејќи секогаш ќе има поголеми и помали од тебе. Радувај се на своите достигнувања и своите планови.

Оддржи го занесот за својот личен повик, колку и да е скромен- тоа е вистинско благо во променливи времиња. Биди внимателен во своите работи; бидејќи светот е полн со измами.

Но, тоа нека не ти смета да ги видиш своите благодети. Многу луѓе сонуваат за големи идеали, но животот е полн со хероизми.

Биди она што си- биди свој.

Ајлин Кеди

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: