Побарај се себе си, во оној кој те љуби..Таму си најубава..

Здрави односи се постигнување. Тие бараат посветеност и работа, но и двајца луѓе кои се подготвени да се најдат на средина и да вложат неопходен труд.

Ако сте во некој однос или врска, интимна или платонска, добро е да прочитате неколку совети за секој случај.

1. Излечете ги старите рани со простување. Во секој момент на својот живот ние растеме или пропаѓаме- дури и нашето физичко здравје е избор, не судбина. Уметноста на одржување на среќа во животот и во односите се темели на фино балансирање на она што држиме и она што отпуштаме. Вистина, понекогаш луѓето на кои им веруваме( вклучувајќи не’ и нас самите) не’ повредиле. Тоа понекогаш не можеме да го избегнеме, но наш е изборот, дали поради тоа секогаш ќе се чувствуваме лошо.

Простувањето е лек. Мораме да го напуштиме она што е позади нас, за да можеме да бидеме во состојба да го прифатиме она доброто што се очекува од нас.

2. Признајте ги грешките. Искрено срце е почеток на се’ што е добро во овој свет. Најчесните луѓе не се оние кои никогаш не грешат, туку оние кои ќе признаат кога ќе згрешат, а потоа даваат се’ од себе тоа да го исправат. Искреноста никогаш нема да ви донесе многу пријатели и обожаватели, но секогаш ќе се задржат оние вистинските во вашиот живот.

3. Престанете да оговарате и почнете да комуницирате. Еве еден добар совет: Ако нешто не можете да кажете некому во лице, не треба тоа да го зборувате позади неговиот грб. Животот е прекраток за да го трошиме на разговор за луѓе, оговарање, трачање и разгорување на неволји кои немаат никаква вредност.

Ако не знаете, прашајте. Ако не се согласувате, кажете го тоа. Ако не ви се допаѓа, проговорете. Но, никогаш не просудувајте ги луѓето зад нивниот грб.

4. Дајте им на другите простор да носат сопствени одлуки. Престанете да им судите на другите според вашето сопствено минато. Никогаш не делувајте, за да им судите на другите и да ги третирате, како да ги познавате подобро од она, како тие се познаваат себе си. Тие живеат поинаков живот од вашиот.

Нешто што е добро за еден, не мора да биде добро за друг. Нешто што е лошо за некој, може да го смени животот на друга личност на подобро. Дозволете им на луѓето во својот живот, да ги направат своите грешки и да донесат сопствени одлуки.

5. Работете го работите кои ве прават среќни. Ако сакате да ја разбудите среќата во некој однос, почнете да го живеете животот кој ве усреќува и тогаш со таа среќа озрачете го вашиот однос. Ако сакате да го елиминирате страдањето од односот, почнете со елиминирање на своите мрачни и негативни делови, а потоа зрачете ја својата позитивност на односот.

Најголемата сила која ја имате во овој живот е силата на сопствената самотрансформација. Целосната позитивна промена која ја барате во односот почнува со оној кој ќе го видите во огледалото.

6. На вашите сакани секојдневно, со мали работи, покажувајте им ја својата љубезност. Секогаш бидете пољубезни отколку што е потребно. Никогаш не знаете низ што некој поминува. Понекогаш треба да бидете љубезни кон некој, не затоа што тие се добри, туку затоа што сте вие. Најмногу ја потценуваме моќта на допирот, насмевката, убавите зборови, слушањето, искрениот комплимент или најмалиот чин на грижа, кои имаат потенцијал да сменат нечиј живот.

7. Кажете малку, кога малку е многу. Потребна е одредена доза на храброст за да станете и да проговорите, но потребно е многу повеќе храброст за да го отворите својот ум и да слушнете. Обрнете внимание и бидете добар слушач. Вашите уши никогаш нема да ве доведат во неприлика. Луѓето во вашиот живот често имаат потреба за внимателно уво отколку за силен глас.

И не слушајте со намера да одговорите; слушнете што е изговорено со намера за разбирање. Вие сте толку убави, колку што љубов давате и мудри сте како тишината која ја оставате зад себе.

8. Нека вашата љубов биде посилна од вашиот страв. Кога сакате, вие не сте во загуба; губите со воздржување. Ниту еден однос не е невозможен освен ако одбиете да му дадете прилика. Љубов значи да му дадете на некој прилика да ве повреди, верувајќи им дека тоа нема да го направат. Без таа доверба, односот не може да преживее.

Не можете само да верувате во на она од што се плашите кај другите; треба да верувате во нивната доверба. Ако некогаш посакувате да имате некој кој ви верува, мора да чувствувате дека и нив можете да им верувате.

9. Прифати, не очекувај. Безусловно прифаќање е нешто што бараме, но ретко нудиме. Запомнете, луѓето никогаш не прават нешто што не е нивни карактер. Можеби можат да направат некои работи кои се надвор од вашите очекувања, но она што тие прават открива она што тие се.

Не ги наметнувајте своите очекувања на другите, освен очекувањата тие да бидат токму она што се. Тоа не е она што зборуваат или она што вие го очекувате, туку она како ќе се откријат. Или ќе ги прифатите какви што се или продолжете без нив.

10. Погрешните пуштете ги да си одат. Бидете свесни за својата вредност. Кога своето време го давате на некој кој не ве почитува, вие ги предавате деловите од своето срце кое никогаш нема да си го вратите назад. Сите пропаднати односи болат, но, да се изгуби некој кој не ве почитува не е губиток, туку добиток.

Некои луѓе привремено ќе дојдат во вашиот живот само за да ве научат на нешто. Ќе дојдат и ќе си одат, но ќе ве научат нешто важно. Совршено е во ред, тоа што тие не се повеќе во вашиот живот. Сега имате повеќе време да се фокусирате на односите кои ви се навистина вредни.

Запомнете, дури и најздравите односи имаат мана. Прифаќајќи го фактот дека секогаш ќе има потешкотии, вие имате прилика да се фокусирате на добро.

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: