Најубавите цитати од “Пиреј” Петре М. Андреевски

-Луѓето се исти, ама умот не е ист во луѓето.

– Може ли коњот да биде вол само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?

– …А мене срцето ми се полони со болки, со чемери. Ама срцето човечко било бунар; само се полни а не се преполнува.

– Лошoто време гo прават лошите луѓе и нема лошо врeме што е подалеку од луѓето.

– Човекот најмногу не верува кога се сомнева во себеси.

– Болеста доаѓа само од водата и од лебот. Болеста е голема кога имаш леб, а уште поголема коа немаш леб!

– Стравот е страшен само за оние што му се плашат.

– Човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, така барем ништо не може да го изненади.

– Нам на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана.

– Пријателот ти е роднина кога самиот си го избираш.

– Трагата на ѓаолот не му ја гледаш и пак по неа одиш.

– Огнот во туѓа рака никогаш не жежи.

– Слободата е најголема во сонот и најмногу вреди да се бориш за сонот.

– Сите грешки и неправди гробот ги исправува.

– Господ ги сака и оние што ги зема.

– Само мртвите имаат време за чекање, оти времето, сето време е кај мртвите.

– На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш. – Блазесити оти имаш жарче до срцето.

– Само голите рани не се гледаат и не се догледуваат. Не се гледаат оти се во душата, а душата е сегде до кај што стасува умот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading