Дај си себе си време..

Ако ја предадете својата среќа во рацете на некој друг, порано или подоцна тој човек ќе ја скрши. Ако му ја дадете својата среќа на некој друг, тој или таа секогаш може да ви ја земе.

Среќата може да потекнува само од вас и да биде резултат на вашата љубов и самите вие сте одговорни за својата среќа. Никогаш не смееме да му ја препуштиме на друг одговорноста за својата среќа, но кога ќе отидеме во црква да се венчаме, разменуваме прстени.

Ја предаваме својата ѕвезда во рацете на друг и очекуваме дека таа личност ќе не усреќи нас а ние неа. Без оглед на тоа колку сакате некого, никогаш не можете да станете она што таа личност го очекува од вас.

Ова е грешка што мнозинството од нас ја прават од самиот почеток. Својата среќа ја засноваме врз друга личност, а тоа не може да функционира. Ветуваме нешто што не можеме да го исполниме и затоа сме осудени на неуспех.

Извадок од книгата „Моќта на љубовта“

Дон Мигел Руис

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: