Ќорсокак..крајот на почетокот. До тука било. Но фактот на срцето е она што е останато. Запознати во даден момент на целосна слабост, кога мислиш дека светот околу тебе е темен, се појавуваат неговите очи.
Погледот сам по себе ја запиша нашата моментална поврзаност. Зборови не беа потребни. Едноставно се разбуди она што одамна беше закопано некаде длабоко. Се разбуди моментот кога не веруваш дека такво нешто воопшто може да те разбуди.

Го добиваш повторно она чувство дека воопшто нешто се буди во тебе, дека одеднаш можеш да бидеш жив одвнатре. Погледот е одговор за се. Доволно да знаеш дека ти си тој кој го разбуди некогаш изгаснатиот оган за кој никогаш не би поверувала дека може повторно да се разгори.
Инспирирана од многуте текстови прочитани, но несакајќи без оставен здив на верување дека би се нашла во дел од нив или несакајќи потврдно си велам зарем постои иста судбина како мојата, дознавам дека навистина сме тоа ние.
И баш во момент кога до тука било. Затоа ова писмо на една заљубена жена е одговор на сите текстови напишани и истовремено и прочитани и доживеани.
Таша
Leave a Reply