Не го живеј животот без страст

Почнувам да размислувам, дека можеби не сум предодредена за љубов. Чувството што го имаат двајца, инспирирани да поместуваат планини и да ја направат својата љубов вистинска, како изгрејсонце.

Можеби мојот проблем е во тоа што, мислам дека љубовта треба да биде волшебна- не логична. Мојата душа копнее по електрицитет, искри, поезија и бакнеж на сродната душа. Сепак, колку и да го посакувам тоа, колку и да им давам таква љубов на другите, никогаш не ја добивам назад.

Не сум го сретнала човекот, кој додека ги држи моите рацете, зборува: ‘Душо, не постои ништо на светот, што не би направил ова да функционира, бидејќи ти си единствено нешто во кое сум сигурен.

Уморна сум да се залажувам себе си и уморна сум од преправање, дека пријателство е единствено можно, а уште повеќе сум уморна да верувам во љубов и да верувам, дека еден ден нема да спијам сама.

Мислам дека конечно сфаќам, дека никогаш нема да бидам сакана, според правилата на моето срце. Мојата судбина, најверојатно е да бидам сама и секогаш да се давам, а никогаш во потполност да не ми биде возвратено. Мојата грешка е, што секогаш гледам светло дури и во темница. Тоа е мојот крој.

Никогаш не се фокусирам на причините зошто работите не функционираат, туку мојот фокус е како да функционираат . Не согледувам колку нешто ќе биде тешко, туку колку е тоа вредно. Не трошам ни минута, размислувајќи за тоа како љубовта ќе влијае на другите, бидејќи знам, дека кога ќе најдете љубов, покрај која се чувствувате добро, ќе знаете како да ја негувате.

Секогаш сум била романтична, некој кој сака драматични љубовни филмови, во кои се’ ќе се изгуби, но љубовта секогаш победува и ги менува човечките судбини.

Љубовта за мене не е барање, туку сакам да бидам посебна за некој, мојата љубов, да го разбуди и тој да направи се’ , не само мене да ме добие туку и да ме задржи.

И нема да се повлечам ни милиметар, бидејќи не сум во состојба да прифатам ништо помалку од љубов, која ќе го заврти мојот свет и ќе ме лансира во друга димензија. Љубов која ме љуби, како неделно утро и ме фрла на колена, додека се молам, благодарна што нашите души се споени во овој живот.

Не сакам регуларна љубов. Не сакам, другите да ја одобруваат нашата врска, само затоа што имаме нешто заедничко или затоа што тој е добар за моето семејство. Не сакам некој да ми каже дека ‘имаме смисла’ . Она што сакам, е маж кој ќе ми каже дека го излудувам, дека полека го убивам со својата љубов и стварност.

Сакам маж кој ме вдишува и одбива, да оди низ животот со било кој покрај себе. Мислам дека она што вистински барам, е маж кој ќе се бори за мене, за нас, на ист начин на кој јас би се борила. Некој, не само да ми каже, дека сум вредна за тоа- туку тоа да ми го покаже со дела.

Ова мое срце завиткано со горко- слатка љубов, мислам дека не бара премногу. Не знам што ќе донесе утре. Не знам дали еден ден ќе се најде маж кој претпазливоста ќе ја фрли во ветар и ќе биде оној кој ќе се буди покрај моите сонливи очи наутро.

Не знам дали некогаш ќе бидам сакана на начин на кој посакувам. Можеби не сум предодредена за љубов. Можеби мојот живот треба да го поминам сама, давајќи безусловна љубов. Можеби во својата осаменост можам да сакам онака како што сакам- бидејќи кога тоа е неразредено и чисто, станува сила која е незапирлива.

Но, всушност, не верувам во тоа, бидејќи знам дека не грешам поради она што чувствувам и посакувам. Научив дека во љубовта добиваш прекрасни работи единствено ако веруваш дека таа постои. Што се однесува до мене, јас своето време ќе го поминувам сама, верувајќи во оваа неуредна, несовршена, тешка визија на љубовта, отколку да се задоволам со безвкусен вкус на партнерство без страст.

Автор: Kate Rose

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: