“Има ли посилно чувство од женска љубопитност? Оо, само да го сознае, да го запознае, да го допре она за што сонувала!
Што не би направила жената заради тоа? Кога е будно нејзиното нестрпливо љубопитство, таа ќе направи триста лудости, во се’ ќе биде невнимателна, на се’ ќе се осмели и пред ништо нема да потклекне. Зборувам за жените кои навистина се жени, кои наизглед се обдарени со трезвен и студен ум, но ум во кој три тајни агли се полни:
Еден – со секогаш разбранувано женско неспокојство; втор – со итрина разубавен, со добронамерност, лукавство на богомолката, софистичко и лажно; и на крај, трет – со симпатична нечесност, со прекрасно прелажување, со слатка подмолност и со сите оние морално расипани особини, кои глупо доверливите љубовници ги наведуваат на самоубивство, додека ги воодушевуваат другите луѓе.“
Г. де Мопасан- “Една Париска авантура”
Leave a Reply