Ветувам дека се’ ќе биде поинаку

Секој нов ден си ветувам дека се’ ќе биде поинаку. Но, се вртам во круг цврсто заврзана со челична жица од минатото и очајот..

Му ветувам на утринското сонце дека ќе му се насмевнам, ќе го гушнам небото и сите кои ги сакам, без страв од отфрлање..Но, рацете ми остануваат прекрстени, шаката стегната во грч од болка! Нозете ми се троми, без никаква желба да се придвижат.

Јас сум уморен борец, покорена Амазонка…Го оставив своето оружје..Го заклучив срцето, душата..Ги замандалив сите влезови на својот внатрешен дворец, заробен со бршлен и диви ружи..По прекрасните простори на мојата душа има прашина. Само во очите предавничкиот сјај на сонувач ме открива.

Сара

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: