Децата од нашата улица

Одиме по патот од кај што дојдовме, се движиме полека по истите оние чекори кои што некогаш сме ги поминале. Некогаш беше се’ зелено и цветно, и денес е.

Одиме полека и се присетуваме на се’ и низ се што сме поминале како деца. Истата дупка на улицата која на секој дожд беше исполнета со вода, која во зима и есен сме ја прескокнувале, а во лето трчавме и скокавме во неа.

Бркотници, жмурки меѓу дрвјата, жбуновите, дворовите. Исполнети со радост и смеа. Добар ден, ни беше секојдневие. Со почит кон сите. Сите се држевме како едно семејство. Сите бевме наши и немаше срам за ништо. Меѓусебна помош за се’.

Кога бевме гладни, време за ручек- некогаш по дома секој својата, некогаш сите заедно. Таа улица полна со спомени за убави нешта. Сега, истите ние веќе возрасни, со спомените, иако одамна сме заминале од нашата улица, се враќаме назад.

Истите ние собрани, во истата таа улица, со свои дечиња, на разни возрасти. Дали нешто се променило? Јас велам НЕ! Поради спомените, ние се држиме исто. И децата наши ги учиме да бидат весели деца. Со истите игри, во истата дупка, со исти скокови, валкани, но весели.

Таа слобода што оваа улица ја носи е непишана бајка во денешно време. Бајка избоена во најубавите бои, бајка полна со радост и среќа. Тоа сме ние децата од нашата улица и нашите деца од нашата улица.

Наташа Ташовска

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: