Зошто мажите се плашат од паметни жени?

Не е тајна дека многу мажи не знаат како да се носат со одредена женска особина, а едно истражување потврдува голем стереотип врзан токму за оваа проблематика.

Колку пати во животот сте ја слушнале изјавата како мажите се плашат од паметните жени?

Преку низа експерименти установено е дека машките испитаници на вториот состанок посакуваат жена која им е физички привлечна отколку онаа која ја процениле како многу инелигентна.

Од друга страна, според истражувањата жените подеднакво почитуваат изглед и памет, но тие на состанок би отишле со маж кој го сметаат интелигентен, а сепак, не му дале висока оценка по прашање на изгледот.

На прашањето зошто мажите всушност се плашат од паметни жени, стручњаците нудат едноставен одговор- поради споредување на сопствената интелигенција со онаа на жената, бидејќи тогаш им се буди чувството на несигурност: Мажите помалку ги привлекуваат жени кои се подобри од нив, а тоа е резултат на моменталното поместување во нивната перцепција на самиот себе. Се чувствуваат помалку мажевно кога жената ќе ги надмудри.

Извор: n1 info

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: