6 знакови дека станувате зрела личност

Вистина е дека зрелоста има многу малку врска со нашето надворешно искуство, бидејќи е поврзана со нашата внатрешна анализа на светот. Да, можеби сте имале многу предизвици и потешкотии во животот, но, ако не сте биле присутни и свесни што се случува, на начин на кој тоа може да помогне за ваше учење и раст, сите ваши искуства едноставно се претвориле во момент каде сте реагирале несвесно и емотивно, а не зрело.

Иако немаме контрола над стареењето, ние можеме да влијаеме на нашата зрелост. Зрелоста е нешто што доаѓа од свесната намера; нешто што се развива, за да станеме свесни. Не се работи за тоа, колку знаење имаме или колку сме паметни, како што е знаењето кое сме го добиле како производ на минати стравови, ментални обрасци, сеќавања, реакции и илузорни поими за себе.

Наместо тоа, вистинската зрелост е состојба кога одвнатре сте доволно слободни да реагирате свесно, доволно одговорни да го видите крајниот резултат на вашите мисли, чувства и акции и како тие ќе влијаат на вас самите, другите и светот во целина.

Развивањето на вистинската зрелост влијае на многу различни подрачја на нашиот живот:

1.Зрелост е храброст. Зрелоста ја вклучува внатрешната слобода, а слободата е резултат на вашата храброст- храброст да размислувате поинаку и да се однесувате поинаку. Во општество кое смета дека зрелоста е потрага по кариера, партнер, потомство и материјални добра, потребна е огоромна храброст, навистина да бидеме зрели и да го продолжиме својот пат со срце, повторно поврзувајќи се со нашето автентично себство.

2.Зрелоста е искреност. Многу луѓе ја избегнуваат вистината за тоа кои се всушност, обележувајќи се со налепници, улоги и уверувања во животот. Меѓутоа, зрелата личност, во својата животна потрага на самооткривање ги гледа сите начини на кои била заведена во лажното чувство на битисување. Вообичаени примери на духовна незрелост вклучуваат избегнување на мрачни елементи на човечката природа, верувајќи дека сме го надминале своето ‘пониско јас’ и дека сме во контакт со’ повисокото јас’.

3.Зрелост е љубов. За многумина идејата на љубовта е само примање љубов. ‘Мораш да ме сакаш, за да можам јас тебе да те сакам’ – тоа не е зрел начин на љубов. Да се биде зрел, значи некој да се сака безусловно, дури и ако таа личност не ве сака, бидејќи вашата љубов кон себе е повеќе од доволна. Духовно зрелите луѓе сакаат, бидејќи состојбата на љубов ја шири ограничената свест за себе и ги спојува со божественото.

Тие не сакаат да бидат само сигурни, дека им се симпатични на другите. Ако другата личност е доволно зрела, љубовта да ја возврати на ист начин, љубовта станува уште по силна.

4.Зрелост е сомилост. Многу религии ќе ве научат да правите ‘добро’ од должност низ милосрдие и сочувство ( и едното и другото вклучува сожалување бидејќи другата личност е во позиција на инфериорност кон нас) за разлика од емпатијата, кога можете да ја почувствувате и да ја разберете нивната болка како да сте исти.

Многумина се сочувствителни поради ветување на ‘награда’ во задгробниот живот. Меѓутоа, тоа е потполно деструктивен и совршен пример на незрелост. Духовно зрелата личност ‘не прави добро’ од должност, која е заразена со сите видови на несвесни желби како што се моќ, престиж и контрола. За нашето ‘добро’ да биде зрело, нашата мотивација мора да дојде од местото на внатрешниот мир и слобода.

5.Зрелоста е простување. Замерување на другите луѓе е заразно. Ни дава лажно чувство на моќ бидејќи веруваме дека се штитиме од повредување, а ние сме ‘морално возвишени’. Тоа ни дава нездраво чувство на самоважност; ‘Никогаш нема да ти простам’, ‘тоа што направи за мене е недопустливо’. Тоа е уште еден начин на кој нашиот јад и самосожалување не’ прават несреќни.

Од друга страна, простувањето вклучува превземање на одговорност за себе и донесување на одлука повеќе да не се обидуваме да ги оправдуваме чувствата на омраза и лутина.
Доволно сме свесни, за да знаеме колку се штетни таквите тешки чувства и колку го расипуваат квалитетот на нашиот живот.

6.Зрелоста е прифаќање. Зрелост е кога знаете што можете да промените и да прифаќате она што не можете. Личноста која живее во постојана состојба на судир со светот, кој им робова на своите внатрешни реакции, не е ја постигнал својата зрелост.


Некои луѓе можат да се помират со состојбата во светот; неправда, хаос, нееднаквост, а некои луѓе ги растажува до точка на депресија или до чувство на неприпаѓање на овој свет. Ова е тешко поврзано со простувањето кое порано го споменавме. Првите не се помирени со неправдата во светот, но не се опираат.

Тоа значи дека промената никогаш, не произлегува од надворешниот состав, туку од внатрешната одлука. За да можеме да помогнеме во развивање на колективната зрелост, мораме да бидеме во состојба, да прифатиме и признаеме во каков неред се наоѓаме, без отпор и бегање и ‘праведни’ идеали, без просудување и осудување на другите.

Не можете да го излечите немирот во светот кога делувате од местото на внатрешниот немир. Прифаќањето на себе си и прифаќањето на другите е како учење да се плови по река без да завршиме како каменче на дното на реката. Будењето на зрелоста е почеток на процесот на внатрешното цветање; тоа е почеток на патувањето кон исполнувањето на сопствениот потенцијал.

Вистински да се осознае тој потенцијал значи да се сфати, дека ви е потребен еднаков дел од сонцето како и од земјата, за да бидете взаемни, но исто така да знаете да танцувате со ветерот.

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: