Ако не сум ти повеќе важна

Колку и да ни е тешко да признаеме, има луѓе кои многу ни значат, но ние, нив никогаш нема да им бидеме важни. Кога некој ќе ти покаже дека не си му важен, не чекај да ти покаже уште илјада пати, дека си ставен на игнор.

Знам дека многу луѓе не веруваат во енергијата која ги опкружува, бидејќи тоа го немаше како предмет на училиште. Но, сите оние кои се водат со класичен осет, знаат кога на некои му се важни, а кога навистина не им се. Кога некој нема никогаш време за тебе и кога твојот муабет, животот и работите кои ги сакаш не му се важни, верувај за таа личност не си битен.

И немој да се убедуваш дека претеруваш, бидејќи навистина не претруваш. Кога некој не те слуша, не те бара, не му требаш, освен во некој краен случај на досада, кога најчесто ќе ти ги натовари своите проблеми на грбот, не си му важен на таа личност.

Во право си ако си признаеш на самиот себе; глеј, на овој човек не му е важно ништо за мене. Со тоа признание ќе си направиш голема услуга. Прво, ќе го ослободиш своето време за некој, кој се грижи за тебе. Всушност, можеби ќе ослободиш прво време за себе и сам ќе сфатиш, што всушност бараш во врските во кои на некој не му си битен.

Со останување во токсични пријателства, врски, само се затвораме себе си во зачаран круг на повредување, од кој не се чувствуваме добро. Значи, се додека дозволуваш некој да те третира, како што него му одговара, а тебе не, таа личност тоа ќе продолжи да функционира така.

Се’ додека ти не кажеш доста, застани малку! Понекогаш ќе се сретнеме со такви луѓе и имаме чувство дека треба да им се помогне, ако сме во можност. Но, има луѓе кои не сакаат да бидат исцелени, залечени, туку сакаат од другата личност да извлечат одредена количина на енергија која им недостига, бидејќи се научени да бидат празни.

Уште ако и ние се потпираме на пет научени основно- училишни сетила, постои можност, да наоѓаме многу оправдувања за луѓето на кои за нас им е сеедно.

Кога некој со денови не ти одговара на пораки, повици, а те обвинува штом ти не си достапен- во токсична си врска и секако, во право си, не си битен. Ако имаш скршена нога, а некој нема време да те види ни после 3 недели, не си му важен. Не треба да бараш оправдивања. Таа личност така функционира најверојатно со сите, не само со тебе.

Навистина, би било штета да им подаруваш внимание на луѓето од таа врста, на кој не си му важен. Ионака тие тебе не ти подаруваат внимание, а за возврат често бараат да си на располагање константно. Убаво е да се помогне, убаво е да се биде на располагање за некој. Убаво е да се одвои дел од своето време, живот и да се подари внимание, нежност, гушкање и љубов на некој на кој му е потребна.

Но, подарување на некој дел од својот живот, на некој на кој не му треба, шиканира и всушност дава јасни знакови дека си неважен, навистина е жалосно. Во денешно време има навистина толку добри, убави, креативни и величествени луѓе, штета е да се пропуштат, да се запознаат, бидејќи се убиваме од размислување, зошто таа личност која не не’ смета за важни, не остави на цедило.

Размрдај се, засакај се повеќе и тргни му во прегратка на животот кој те чека, со луѓе на кои навистина си му важен. Подари си внимание себе си. Биди како подарок на оние кои ги почитуваат работите кои ги даваш.

И ослободи го својот ум, енергијата и телото од врски кои не треба да се негуваат. Ако на некој не си му важен, тогаш не си, а уште тоа и го покажува, зошто да се биде дел од животот кој не ти носи љубов, самоостварување и самодоверба?

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: