Играм по својата тенка граница на ред и хаос

Кој вели дека не смееш да сакаш ред и хаос истовремено? Дека не смееш да бидеш кореограф на сопствената орканска бура и нежната смиреност во исто време, неуморен играч на најтешките животни пируети, или полетен за она што можеш да замислиш, издржлив за тоа што можеш да се надеваш.

На небото, љубовта и човекот кој живее со полно срце ништо не може да му избега. Неговиот дух за окото е невидлив бисер. Занесен дервиш кој се врти спротивно од туѓите полунаместени сатови.

Кој ти вели дека не смееш да сакаш ред и хаос истовремено? Дека не смееш да бидеш буден додека другите спијат? Да играаш додека другите седат? Кој ти вели дека не смееш да се сакаш себе си, додека си во телото и душата цел со црнила искапен, додека стоиш на ивица која мие се’.

Кој ќе ти каже дека не е здраво да се има една нога цврсто наместена во ред и сигурност а другата во хаос и авантура. Јас сеуште танцувам некаде помеѓу тие две. Играм како што најдобро умеам. Не знам поинаку, а искрено ниту посакувам.

Играм по својата тенка граница на ред и хаос. Неретко исцрпена, ранета и боса, но некако чудно среќна. Можеби затоа и (не) ми се плашат. Можеби затоа и (не) ме сакаат.

Ингрид Дивковиќ

Leave a Reply

Up ↑

%d