Кога ќе ти затреба помош во животот, знај дека нема да ја добиеш од оние од кои си очекувал

Кога ќе имаш потреба од помош во животот, ќе доживееш вистинско изненадување, измешано со шок. Прво ќе те изненадат оние од кои си очекувал помош, а исчезнале без трага, а потоа позитивно ќе те изненадат оние кои ти помагаат, а од нив не си очекувал.

Тоа сознание може да ти биде драгоцено. Токму во тој момент ќе откриеш најдобро кои луѓе се, најдобро ќе ги прочиташ. Немој да те излаже мислењето за луѓето, кои си ги имал во моментот кога ти било добро, кога си имал пари, кога си ги собирал успесите на различни полиња, бидејќи она што луѓето ти зборуваа и правеа за тебе е повеќе резултат на твоето постигнување, отколку поради она што си ти навистина.

Кога ќе ти затреба помош во животот, научи добро да ги набљудуваш луѓето, бидејќи немаат само едно лице, луѓето имаат уште стотина маски кои по потреба ги користат во различни ситуации.

Кога ќе ти затреба помош во животот, знај дека нема да ја добиеш од оние од кои си очекувал цело време, оние кои се правеа големи алтруисти и хуманитарци, оние кои често го спомнуваат зборот пријател, човек и користат такви фрази, срцето твое да се стопи од нежност.

Кога ќе ти затреба помош во животот, научи добро да ги набљудуваш луѓето бидејќи тука најдобро ќе видиш колку луѓето се разликуваат. Се делат на оние кои ќе ти помогнат, без приговарање и потценување и оние кои ќе ти поставуваат услови и ќе бараат некој додатен интерес, за тоа што ќе ти помогнат.

Ќе видиш дека оние моќните, оние кои многу имаат, оние кои се преправаат дека се добри, брзо ќе исчезнат, а ќе останат една рака луѓе кои се твоите вистински пријатели.

Кога ќе ти затреба помош во животот, ќе доживеете вистинско изненадување помешано со шок. Прво ќе те изненадат оние од кои си очекувал помош, кои без трага исчезнале, а позитивно ќе те изненадат оние кои ти помагаат, а од нив не си очекувал.

Тоа сознание, нека ти биде показател во кој смер ќе оди твојата иднина, кои луѓе ќе ги почитуваш како капка вода на дланка, а од кои ќе го кренеш сидрото и ќе тргнеш во нов живот без нив.

Марио Жувела

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: