Бори се за себе

Бидејќи никој друг нема, ниту може. Ако се предадеш без борба- ‘што ќе ти е живот?’.

Бори се со талентот. Бори се со знаење. Бори се со љубезност. Бори се со дела кои ќе останат зад тебе. Бори се со гушкање. Бори се со разбирање. Бори се со учење. Бори се со испружена рака, која ја чека другата. Бори се така што ќе се бориш со сопствените демони.

Бори се со вистина. Бори се со добро воспитание. Бори се со неоткажување. Бори се со откажување, кога главата мора низ ѕид. Бори се со верба во себе. Бори се со вербата во луѓето кои ги нарекуваш пријатели.

Бори се со мудри избори. Бори се со грешките кои ги признаваш, а не ги препишуваш на другите. Бори се со нежност. Бори се со страст. И опцуј, кога треба да се пцуе.

Но, борбата секогаш да ти биде фер и достоинствена.

Јована

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: