Како поминувате низ кризни ситуации?

Не е важно во каков свет живеете, туку каков е светот во вас. Вистина е дека светот во нас е често реакција на светот во кој живееме, но поголема е вистината дека светот во нас може да биде креатор на светот во кој живееме. Нашите одлуки имаат моќ не само да ја обликуваат нашата стварност, туку и стварноста влијае на нашите меѓучовечки односи.

Тоа го потврдуваат многу луѓе кои во катастрофални услови за живот создале нешто ново, вредно и позитивно, оставиле многу поголемо наследство од оние кои живееле во идеални услови.

Сфатете дека болните искуства ве водат во раст. Додека радосните и среќни искуства ја откриваат убавината на животот, оние болните ни помагаат да созрееме, да станеме одговорни, подобро да ги приметуваме приликите кои животот ни ги дава.

Болните искуства ни ги отвораат очите за оние аспекти на стварноста кои инаку нема да ги препознаеме во ситуации кога ни оди добро. Исто така, преку болните искуства, навлегуваме подлабоко во себе, ги преиспитуваме односите со другите, ја шириме лепезата на нашите животни искуства.

Сите работи имаат скриена смисла. Работите се менуваат кога на крајот од тунелот на нашата болка, сепак сфаќаме дека нешто добивме од него, препознаваме дека без чувството на губиток никогаш нема да бидеме благодарни за добитокот.

Работите се менуваат кога ќе видиме дека деловите од сложувалката кои изгледаа како да немаат врска еден со друг, почнуваат да ја пронаоѓаат смислата во заедничката слика, но дури од една подалечна временска перспектива, од перспектива која се вика наша иднина. И тука почнуваме да ја разбираме скриената смисла на се’ што ни се случило и кое ни се случува.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading