Кукање за подобар живот не помага, помага кога животот ќе почнеш да го гледаш како магија

Човекот ја потценува својата моќ дека може да направи големи работи, па се ‘спуштa’ само на она што му е лесно и во што не треба да вложува многу труд.

Се потценува, кога ќе се откаже од своите идеали кои ги имал, сништа кои не се оствариле, совети на пријатели, задоволувајќи се со она што сите го мислат, зборуваат и прават. Иако имал сила да направи нешто над просечно, да даде некој допринос кој ќе остане, да покаже дека ништо не е невозможно, тој се задоволува со млако.

Ја потценува својата моќ човекот, дека може да направи големи работи, кога треба да се вложи голем напор, кога треба да се вежба, учи, работи, задоволувајќи се со помалку. Ќе сфати тогаш дека не изградил доволно силен интегритет и дека нема моќ на трпение кое мислел дека го има и дека искуството на пустоловина во животот, не е за него.

Ќе се помири тогаш со фактот дека не заслужува најдобро, па престанува да ги менува работите кои може да ги промени и ќе се задоволи со жалење што работите не се такви какви што треба да бидат.

Кога ќе ја потцени својата моќ да направи големи работи, нема повеќе сила да ужива во животот бидејќи ништо не го задоволува, нема повеќе моќ да создаде кај себе најдобра форма, да го крене нивото, ниту да се запознае вистински себе си. Тогаш ги предава најдобрите битки а одлучува да се бори со некои неважни работи во кои се што треба да направо е да зборува, да се жали, бара помош.

Тогаш почнува да се прашува зошто животот не е онаков каков што беше на почеток и зошто повеќе не чувствува никаква драж во искуствата кои некогаш ги чувствувал.

Кога ќе ја потцени својата моќ да направи големи работи, човекот престанува да биде дете, почнува да живее живот кој му припаѓа на другите и нема повеќе сила да ја држи главата горе кога ќе почне да му се случуваат тешки работи.

Немој да се откажуваш пред почетокот и тогаш да се чудиш зошто животот е тежок. Немој да зборуваш: не можам ништо, не сум доволно способен, не сум толку јак да ги остварам своите цели. Пасивното кукање за подобар живот не помага, помага кога животот ќе почнеш да го гледаш како магија, бидејќи добиваш сила таков и да го направиш.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: