Му дозволувате ли на животот да ве изненади?

Многумина се жалат на едноличност во животот. ‘Секој ден ни е монотон и животот во целина е досаден.’

Но, не мора да биде така. Колку сме отворени за нови искуства? Колку сме подготвени да го чистиме патот по кој уште не сме зачекориле? Наша е одлуката! Да правиш, не само да планираш.

Многумина со денови ќе планираат, мечтаат, замислуваат, а ништо нема да направат од тоа што планирале. Планирањето не е лошо, всушност, тоа е пат кон подобра иднина, но ако само на тоа остане, пак ништо не сме направиле. И најмало движење, најмала акција подобра е од самиот чин на мечтаење.

Не мора да имаме се’ под контрола. Сите ние посакуваме да бидеме сигурни во она што работиме, сакаме во детали да ги знаеме последиците на сите свои одлуки. Ако не сме во можност да го направиме тоа, тогаш застануваме и чекаме.

Но, не мора секогаш да имаме се’ под контрола и реално не е можно, доволно е само да бидеме свесни за своите одлуки и чинот, а животот ќе го направи своето.

Границите се релативни. Како растевме, поставивме или други ни поставија граници до кои можеме или мораме да одиме. Понекогаш со копнеж гледаме на луѓето кои ја пречекориле таа граница и направиле нешто неверојатно, нешто што се чини невозможно.

Токму тоа го можеме и ние, ако се преиспитаме и ги надминеме своите стари уверувања. Се живее само еднаш. Една од причините зошто нашите животи се еднолични и празни – не сме свесни дека живееме само еден живот.

Кога друг пат ќе добиеме прилика да ги поправиме работите и направиме нешто што порано не сме го направиле? Сме добиле прилика, тоа е денешниот ден, друга шанса нема, ниту ќе ја добиеме.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: