Често ме прашуваат кој чекор, кога работиш на себе е најтежок. Првиот чекор е секогаш најтежок. Бидејќи бара апсолутна промена на животот, каква до сега не сме познавале.
А тоа е прифаќање на одговорност за сопствениот живот. Тоа прифаќање со себе го носи фактот, дека не знаеме колку мислиме дека знаеме. А тоа е директен удар на нашето Его, со кое сме се поистоветиле. И ја игравме таа улога со години. Е, тоа е најтешко.
Да се излезе од улогата на жртва која на многумина им е одлична комфорна зона. Да си признаеме себе си дека не знаеме, чекор е со кој се отвораме за учење. А секое учење е гаранција за промена на животот каков го живеевме до сега.
Подготвени сме да научиме она што дотогаш не сме знаеле. А тоа е дека нашиот живот го прават избори кои ги носиме.
Кога оние кои успеале ви зборуваат како успеале, се’ што треба да направите е исто да се обидете и вие самите. Формулата е откриена. А токму тие најуспешните, зборуваат да престанете да ја префрлате одговорноста на другите и да го земете животот во свои раце.
Дури и ви кажуваат како. Без вина, без осуда на себе си и самокритика. Одговорноста не е вина. И тоа мислевме дека го знаеме, па ете не го знаеме.
Повеќето луѓе и денес кога некој ќе им каже дека се одговорни за својот живот, се поистоветуваат со тоа дека некој им вели дека се виновни за животот кој го живеат. Затоа е потребна едукација. Да се одвикнете од сето тоа што не ви служи и да научите се она што ќе ви служи.
А тогаш кога ќе научиш подобро, работиш подобро и животот мора да стане подобар. Како што веќе реков, тој е одраз на нашите избори.
Ана Бучевиќ
Leave a Reply