Откачете ги грижите

Тие кои најмалку ме разбираа ми даваа најдобри совети како да се прилагодам на животот меѓу луѓето. Тие се во право, секој совет е точен. Но, не беше применлив за мене.

Тие кои ме разбираа повеќе, ме советуваа да ја најдам златната средина. Да работам она што сакам, но да не се занимавам премногу со чувствителни теми. -‘Работи се’ што сакаш, но мораш да почитуваш одредени правила и ограничувања’, така отприлика гласеше советот на тие луѓе. Сакаа да ме сочуваат.

И навистина сакав да живеам така. Си давав себе си слобода да работам што сакам. Слободата почна да расте. Таа растеше, но мене ми беше се потесно и потесно. Тоа изгледа како да носите два броја помали чевли. Како стопалото расте, чевлите ‘ убиваат’. Се додека не стане неподносливо.

Тогаш можете да направите две работи: или ќе го скриете вашето стопало, што е прилично неинтелигентен потез. Или ќе ги соблечете чевлите кои ве стегаат. Го прекршив правилото. По правилата на овој свет, секој мора да ги носи своите чевли. Колку и да ве стегаат, морате да ги носите. Кога станува неиздржливо, тогаш ви го скратуваат стопалото.

Чевлите мора да се носат. Но, јас не сум должна да ги почитувам правилата за кои не сум дала своја согласност. Се осудив да ги соблечам тесните чевли. Сета мудрост на живеењето се сведува на тоа. Соблечете од себе се’ што ве стега и ограничува. Излезете од хипнозата ‘тоа е невозможно’. Можно е. И не само дека е можно туку е и потребно.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading