Прво гушни се себе си

Знам дека не си подготвена. И знам дека не е вистински момент. И тој веројатно и не постои. Но, она што е тука, е овој момент сега. Ова е прилика.

Ова ТИ. И се’ за што мечтаеш, се’ на што чекаш, она што чека на тебе, она која се посакуваш, е достапна. Од другата страна на стравот. Од друга страна на изговорите. И чека на тебе.

И радувај се! Колку долго ќе дозволиш да чекаш? Ако ти е доста чекање и цупкање во место и ако навистина сакаш, да прекинеш со старата приказна, направи ја следната работа: земи хартија и молив и напиши што се треба да се случи, за циклусот на чекање и откажување конечно да престане. Поиграј се со следните прашања, бидејќи тие ќе ти дадат преспектива, за тоа каде си сега и до каде стигна, било да станува збор за личниот напредок или за целите поврзани со работата.

Поставувањето на вистинските прашања, е клуч кон мудроста! Прашања:

1.Кои се твоите најблескави моменти во оваа година?

2. Кои се четирите работи во кои уживаш и кои сакаш, да продолжиш да ги работиш и 4 работи или навики, од кои сакаш да се ослободиш?

3. Што беше најголем предизвик за оваа година? Со што мораше да се носиш?

4. Како предизвиците те направија посилна? Кои лекции ги научи?

5. Како можеш да ги искористиш и да почнеш, да ги применуваш секојдневно?

6. Која е најважната работа што треба да ја завршиш?

Најважната работа, е да се направи најважната работа. Една работа. Не безброј. Една! Најважна. Таа ќе те донесе до целта. Таа работа ќе те ослободи! Престани да чекаш и тргнувај! Тргни си во пресрет!

Ти пуштам океан љубов!

Лидија

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: