Само верувајте..Најдобрите работи се случуваат, кога сакате да се откажете

Секој ден потсети се себе си дека ти треба една пауза, пауза од луѓе, настани и безвезни работи. Земи пауза пред животот да те натера на неа, бидејќи нема засекогаш да можеш да ги ‘пикаш’ работите во себе.

Ќе мора еднаш да се сретнеш со последиците на своите избори и тогаш ќе сфатиш дека имало многу од оние погрешните, дека често си ‘пикал’ во својот живот и она што не си заслужил, одејќи по линија на помал отпор, размислувајќи дека евтино ќе поминеш.

Но, се’ еднаш доаѓа за наплата. Сите луди избори кои ги одбра затоа што си видел дека таму одат и други, затоа што ти рекле дека тоа е во тренд, па не си се прашал зошто тоа го правиш.

Земи пауза и од своите мисли, а посебно од оние негативните со кои толку многу се зближи, што повеќе и не приметуваш дека тоа се твоите непријатели. Земи пауза за повторно да бидеш човек и ќе почувствуваш она што те прави појак, без оглед колку тој избор е тежок.

Треба еднаш да земеш пауза од се’ она што е помалку вредно, што го одбираме и да ја разбереш одговорноста за животот твој, дека не можат да ја превземат другите и дека нема смисла да се одложуваат нерешените работи и проблеми заради некоја далечна иднина.

Треба да се земе пауза за себе, да погледнеме малку што се собрало на дното на душата и да ги размрсиме јазлите на неразјаснатите чувства во кои секој ден упаѓаме, без да ја знаеме причината.

Секој ден потсети се себе си дека ти треба пауза од луѓе, оние кои премногу ти се приближиле, па ја користат таа близина само како можност, нешто да добијат и искористат. Верувај дека нема ништо да изгубиш во таа одвоеност од светот, изолираност од луѓе, впрочем ќе добиеш едно неописливо искуство на мир и сознание дека никој и ништо однадвор не може да те направи среќен ниту да ти помогне твојот живот да биде онаков каков што ти посакуваш и заслужуваш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: