Љубовта која ја бараш- те бара тебе

Моја слатка дива жено… знам зошто не успеа со никој- не ти треба маж, туку вистински воин. Воин кој ќе копнее за твојата сила и твојот интензитет. Ќе те гледа и нема да види нешто што треба да се скроти, туки нешто на кое треба да се восхитува.

Имај малку надеж и дај му шанса на љубовта само уште еднаш, бидејќи ти ветувам, слатка дива жено- љубовта која ја бараш- те бара тебе. Ти си една, единствена и без оглед на тоа колку се обидуваш да го сокриеш тој факт, не можеш да бидеш ништо друго од она што си- и тоа е во ред.

Ти си токму онаква каква што треба, величенствена, нескротлива во својата хаотична убавина. Знам дека срцето ти било скршено и знам дека не разбираш зошто секогаш изгледа дека никогаш не успева, но конечно сфати: Не ти треба маж, тебе ти треба воин.

Не е битно дали тој воин вози џип или прекрасен спортски автомобил, неважно дали носи свила или памук- ниту е пак важно дали работи прва или втора смена. Овој твој воин ќе копнее по твојата сила и твојот инензитет.

Ќе те гледа и нема да види нешто што не може да скроти, туку нешто на што треба да се восхитува. Твојот воин нема да биде некој со кој можеш да манипулираш или да играш со него како што се случувало во минатото, затоа душо, не се обидувај- и верувај ми, поради тоа, уште повеќе ќе го сакаш.

Затоа што не си само жена, ти си божество. Твојата жестина секој пат ќе го фрли на колена кога ќе погледне во твоите прекрасни очи, но, за разлика од другите, нема да се уплаши.

Не, овој човек-воин, конечно ќе ја запознае својата друга половина. Твојот воин, ќе има желба да го разгори пламенот во твоите очи, наместо да се обидува да го угасне со сопствената несигурност. Бидејќи за тебе воинот е единствениот маж кој некогаш ќе живее во ‘дивина’ со тебе. Можеби нема да мора да убива змаеви за да ја заработи твојата љубов, но и понатаму ќе поминува низ оган ако би ти значило, да ќе ја види таа неверојатна насмевка која ја држиш во резерва само за него.

Овој воин кој го бараш…тој те бара тебе. Бидејќи и тој доживеал разочарувачки врски, поради кои се прашува дали можеби треба да биде сам до крајот на своето патување- а ти ќе промениш се’ .

Бидејќи, кога ти и твојот воин ќе се сретнете и ќе се судрите- ќе се случи голема љубов. Не се обидувај да побегнеш овој пат- знам дека твоето срце веќе било скршено и дека не си навикната на некои работи, но, овој пат е поинаку.

Дај си себе време, тоа да го видиш. Твојот воин мора да види дека е можно некој да ја почувствува сета негова дивина и сеуште да биде таму каде што копнее за слобода.

Нема секогаш да го следиш, токму како што тој тебе не мора секогаш да те следи. Дозволи си себе си да останеш дива, дури и кога се’ што посакуваш е да се собереш покрај него и да заборавиш дека остатокот од светот постои. Дозволи си и понатаму да го почувствуваш ветерот на своето срце и сонцето кога се движиш кон новото патување..

Затоа што овој воин ќе те сака поради твојата дивина – и ќе посакаш да го задржиш. Ќе бидете заедно во овој чудесен, луд, хаотичен, срцепарателен живот- бидејќи воинот треба да ја сака божицата.

И таа треба да му покаже на воинот што е вистинска љубов. Затоа спакувај ги своите несигурности и своите идеи за огради, бидејќи тоа ионака никогаш не си била ти. Ти си родена, знаејќи дека си предодредена за повеќе, а сега е време да видиш како изгледаат сите тие соништа.

Љубов како оваа не може да се запре, затоа вети ми дека ќе издржиш уште малку. Имај малку надеж и дај и’ шанса на љубовта само уште еднаш, бидејќи ти ветувам, слатка дива жено- љубовта која ја бараш- те бара тебе.

Kate Rose

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: