Повеќе не се грижам за оние кои не ме заслужуваат

Благодарна сум што ме повредуваа, ми покажаа дека животот не е само некоја романтична бајка. Благодарна сум за препреките на патот до целта, преку нив сфатив дека нема едноставни решенија и пречки, до вредни остварувања. Тие ми покажаа дека не е само вредна целта до која дојдов туку и каква личност сум станала, соочувајќи се со пречките кои ме направија посилна, трпелива и силна личност.

Благодарна сум им на луѓето, кои секогаш ми го покажуваа своето друго лице, лажно и вештачко, поради нив научив да ја почитувам присутноста на оние луѓе кои беа тука да ми ‘држат среќа’ и кои секогаш зборуваа она што мислеа.

Благодарна сум на оние кои ми го свртија грбот на улица, кога ќе ме здогледаа, било поради тоа што не сум доволно значаен за нивното друштво, било да не им требав за ништо. Сите тие ме научија да почнам да ја барам вредноста во себе.

Благодарна сум им на оние кои ме подржуваа и тогаш кога сама себеси не можев да се смислам, оние кои ме гушкаа тогаш кога бев повреден, оние кои ме слушаа и тогаш кога не сум имал ништо паметно да кажам.

Благодарна сум на оние кои ме вратија во подобра состојба кога цел мој свет се сруши, оние кои имаа доверба во мене и моите способности и тогаш кога не мислев дека се нешто претерано големи и важни.

Треба да бидам благодарен за сите луѓе, кои ми биле на поминување, ме научија да не се потценувам себеси, оние кои биле поради некои свои интереси, ме научија како за себе треба да се борам и оние кои ми подадоа рака кога ми требаше, бидејќи поради нив одев напред во животот.

Сите тие имаа причина и ниту еден не се најде случајно тука. Со ова чувство на благодарност многу е полесно да се прифати било што што може иднината да донесе.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: