Самата помисла на крај во нас најчесто буди немир. Се трудиме да не му се опираме или барем малку да го одложиме. Краевите ги доживуваме како лични порази, сепак тие се сосем спротивно. Понекогаш крајот не’ тера да го пронајдеме новиот почеток.
Да излеземе и да ја исполниме таа празнина откривајќи нови работи за себе и пронаоѓајќи нешто што е подобро за нас. Да најдеме храброст, да се одалечиме од работите и луѓето кои повеќе не не’ инспирираат. Работите кои повеќе не не’ придвижуваат.
Крајот не треба да се исплаче. Не мора да биде тажен, бидејќи не’ учеа дека завршетоците се нешто лошо. Некои завршетоци се среќни или водат кон среќни краеви.
Некои на почеток е тешко да се ‘сварат’, но ако убаво ќе погледнете, покрај болката, ќе видите мудрост и лекции кои позади крајот стојат.
Прилики, кои не’ доведоа до личноста во која не’ претвориле.

Крајот носи многу повеќе благослови од почетокот. Почетоците се возбудливи и понекогаш можеме да предвидиме она што навистина сакаме, бидејќи сме преплавени со занесот. Зависни сме од идејата дека се случува нешто ново, но, вистинскиот благослов стигнува на крајот.
Кога работите ќе завршат, присилени сме внимателно да ги разгледаме сите прашања: како? , зошто?. Кога работите ќе го достигнат својот крај, соочени сме со безброј прашања кои не’ тераат да пронајдеме важни одговори.
Иронично, најтешките завршетоци секогаш се најдобри за нас. Најтешките завршетоци секогаш носат најголема радост. Но, најубавата страна на завршетокот е што откривате, што би требало да биде ваше, а што не.
На тој начин Бог не’ насочува по правиот пат. Тоа е Божја порака и со неа не можеме да згрешиме. Божјиот план е подобар од нашиот. Завршетоците се секогаш скриен благослов, не само понекогаш. Треба да ги сакаме подеднакво како и почетоците бидејќи носат толку нови прилики. Толку слобода и толку надеж.
Извор: thoughtcatalog.com
Leave a Reply