Собери храброст и тргни од почеток

Колку пати досега си рекол ‘доста ми е од се’, без нешто да си презел? Колку пати до сега си рекол ‘не можам повеќе вака да живеам’ и потоа си продолжил да живееш како ништо да не се случило?

Си почувствувал колку ти е тешко и болно, ја сфати апсурдноста на многу ситуации, го допре дното во егизтенционален поглед и ги остави работите такви какви што се!

Колку навистина треба, за да се случи промена? Немој да кажеш ‘доста ми е од се’ а да не започне твоја нова животна приказна. Никој нема да се бори за тебе ако не застанеш во првиот ред.

Чувството на слобода не е само малку да те заигра, тоа е тука да размислиш колку вредиш и што заслужуваш и што ќе направиш со својот живот. Немој да ми кажеш ‘доста ми е од се’ а да не си одлучил директно да му погледнеш на стравот во очи и да се спротиставиш на се’ што до тогаш те држело во некоја заробеност.

Кога ќе кажеш ‘ доста ми е од се’ сфати дека тоа е најдобриот момент да размислиш за работите со кои го оптерети својот живот, односите во кои си ја загушил својата душа, со настани во кои беспотребно си влегол и дека сите оние безначајни работи, треба да ги шутнеш негде далеку од твојот живот. Тоа е најдобриот момент да ја повратиш својата сила која си ја изгубил и да се тргнеш од сите врати кои ти се плеснати пред носот и да одиш некаде на други место.

Колку пати до сега во животот си рекол, доста ми е од се’ а не си го отфрлил бесот, тагата, сомнежот, разочарувањето, повреденоста. Не е ли тоа најдобра прилика да тргнеш од почеток и да заборавиш се’ досега што си правел.

Стави го срцето во служба на своите соништа и одвои се од својата стара драма. Животот може да биде убав ако научиш уште на почеток да излезеш од менталитетот на жртва штом во него ќе упаднеш. Не е лесно, но со првиот направен чекор се’ ќе биде полесно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: