Кога и да ми се присторило дека самоуверено владеам со ситуацијата, секогаш нешто ќе се случи и ќе ме фрли на дното. Се прашував: Зошто? Не сум ли јас осуден да стигнам пред остварувањето, но, никогаш да ја пречекорам линијата на целта?
Можеби Бог е толку окрутен што ми дозволува да ги видам палмите на хоризонтот, само за да ме умори со жед, на сред пустина? Долго ми требаше да сфатам дека тоа не е баш така.
Постојат работи кои се сместуваат во нашиот живот, да не’ вратат на правиот пат на нашата Лична легенда. Другите доаѓаат за да можеме да ги применуваме усвоените знаења. И на крајот, некои се јавуваат за да не’ научат на нешто.
Паоло Коељо
Leave a Reply