Бидете свои, сите останати се веќе зафатени

Не прифаќајте луѓе кои се согласиле на се’, луѓе кои немаат критериуми и на кои ништо не им е свето. Кога ќе влезете во нивниот фокус на интерес, не значи дека сте го привлекле нивно внимание, со нешто што е или што правите, туку имаат некој интерес од вас.

Тоа се луѓе, кои ќе покажат висок морал, а всушност за тој збор никогаш не слушнале. Тие се луѓе, кои имаат лице за секоја пригода и кога ќе помислите, дека тоа им е вистинското лице, всушност позади него, се наоѓаат уште неколку други.

Тоа се луѓе, кои не разбираат што значи да се има душа и дека со неа треба да се пристапи кон другиот. Ако ви побараат пријателство, прашајте се што стои во нивната позадина.

Колку солзи сте исплакале, бидејќи верувавате во ветувањата на другите, во ветувања дека овој пат нема да биде како порано. Колку ножеви во грб сте добиле, затоа што понудата за пријателство ја сфативте сериозно и ги отворивте сите свои карти.

Не се согласувајте секогаш, во се’ она што ќе видите и чуете, на тој начин ќе се поштедите од многу други неволји. Посебно внимавајте како се отворате себе си, кон луѓето со кои живеете и кои ви се залепиле за вашето срце.

Набљудувајте ги луѓето и нема долго да ви треба, за да ги добиете одговорите, кој какви намери има. Маската не може долго да се задржи на лицето, вистинското лице кога- тогаш ќе излезе на виделина.

Кога ќе ги поставите критериумите во својот живот, тоа не значи, дека станувате избирливи, тоа значи, дека почнувате да се почитувате себе си, бидејќи какви луѓе пуштате во вашата околина, такви брзо ќе ви се пикнат под кожа.

Ако не сакате негативни и токсични, дволични и лицемерни луѓе, бидејќи ни самите не сте такви, тогаш не се плашете тоа да го покажете. Не се плашете да се тргнете од било каков облик на однесување, кој не е човечки бидејќи само така ќе го задржете својот мир и со мир, ќе можете да погледнете околу себе.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: