Не пропуштајте го она најдлабокото чувство во животот-љубовта, времето, во кое знаете точно зошто живеете,без оглед колку вашиот живот имал потешкотии и проблеми, додека сакате, знаете дека вашиот живот има смисла.
Да сакате, значи, дека вие немате поголем приоритет во животот. Кога сакате го пронаоѓате доброто во другите, но уште повеќе наоѓате добро во себе, добро, кое се шири и ве полни со убави чувства.
Не пропуштајте во животот да се смеете, ќе пропуштите да живеете со полни гради, без оглед каква е вашата работа и какви се активностите со кои се занимавате. Тогаш ќе си дозволите да не се радувате со мали работи, бидејќи ќе видите колкава е моќта на насмевката, ќе сфатите колку многу љубов ви се дава, без оглед на жртвите што од вас се бараат и откажувањата, повеќе е она што добивате од она што губите.
Не пропуштајте во животот да сакате, се’ друго може. Не го пропуштајте трагот што треба да го оставите зад себе, бидејќи само љубовта остава траг, се’ друго само малку ќе го замрачи патот.
Не пропуштајте на своите соништа да му дадете прилика, на луѓето кои ви дале доверба да им го дадете најдоброто од себе. Не пропуштајте во животот да сакате, бидејќи само така нема еден ден, при крајот на животот да жалите за она што можеше да биде а не било.
Не пропуштајте во животот да сакате, се’ друго можете. Не заборавајте да се опкружите со луѓе кои ја познаваат вашата вредност, ќе видите колку животот може да биде убав.
Кога ќе научите љубовта да ја возвраќате, ќе сфатите колкава е таа моќ и ќе се прашате зошто порано не сте ја запознале, зошто на прво место сте ставале работи кои на крајот само празнина оставаат.
Не пропуштајте во животот да сакате, се’ друго можете.
Leave a Reply