Сакај го својот живот, бидејќи каков и да си- твој е!

Биди смирен, без оглед што твоите планови не се оствариле и што другите се насладуваат со тоа. Да бидеш смирен, кога ќе почувствуваш дека во туѓите зборови не е вистината и дека единствените кои ќе ги трпат последиците од својата лага се тие самите.

Да бидеш смирен и кога ќе ти истурат многу критика, но и кога ти даваат комплименти, бидејќи сфаќаш дека тука нема ништо повеќе од обични зборови.

Да бидеш смирен, што и да се случува околу тебе, е едно од најголемите животни вештини. Дури и тогаш кога ќе победиш, свесен си, дека тие победи нема вечно да траат и дека секое возвишување и гордост не го зголемуваат, туку напротив го скратуваат твојот мир.

Да бидеш смирен и тогаш кога ти се воодушевуваат, кога ти зборуваат дека на нив можеш да се потпреш и кога се колнат во вашето пријателство, биди свесен дека во светот најповеќе се прекршува зборот.

Научи да бидеш смирен, што и да се случува околу тебе. Да се остане смирен и покрај повредувањата и подметнувањата на другите, сфаќајќи дека не мораш да прифатиш се’ она што доаѓа од другиот, било добро, било лошо, дека тоа не мора да влезе во твојот внатрешен свет и дека може да помине и покрај тебе, како што ветерот поминува.

Да се остане смирен и покрај лузните кои ги добиваш, бидејќи од нив стануваш појак.

Научи да бидеш смирен, поставувајќи граници за туѓите зборови упатени кон тебе, непримерени чувства кон тебе и понижувачки начини на однесување, граници до каде си човек и до каде можеш да толерираш, по кои правиш рез и не дозволуваш некој да те прави будала.

Да научиш да останеш смирен бидејќи тоа е знак дека научи да го сакаш својот живот, бидејќи каков и да си- твој е.

Научи да останеш смирен бидејќи тоа е најдобриот знак дека си господар на својот живот, а не некој друг.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: